сабота, јули 27, 2024
домаБројот на жители на Кина е во опаѓање за прв пат од...

Бројот на жители на Кина е во опаѓање за прв пат од 1961 година

Бројот на население на Кина се намали минатата година за прв пат од 1961 година, соопшти Националното биро за статистика.
Населението на Кина, без странците, се намалило за 850.000 луѓе во 2022 година на 1,41 милијарда, соопшти бирото, а пренесува „Си-ен-би-си“.
Кина објави 9,56 милиони раѓања и 10,41 милиони смртни случаи минатата година.
Стапката на наталитет беше 6,77 родени на 1.000 луѓе, што е намалување од 7,52 во 2021 година и најниска стапка на наталитет досега.
Дополнително, забележана е највисоката стапка на смртност од 1976 година – 7,37 смртни случаи на 1.000 луѓе во споредба со 7,18 во 2021 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ