среда, ноември 27, 2024
домаЖивотБугарија воведува 14 дневен карантин за македонски државјани

Бугарија воведува 14 дневен карантин за македонски државјани

По зголемување на бројката на новозарзени кај нас, Бугарија воведува нови мерки за македонски државјани. Според информацијата што ја пренесе БГНЕС , бугарското Министерство за здравство издало наредба за задолжителен 14-дневен карантин за лица кои од Македонија ќе пристигнат во Бугарија.

Истовремено се укинува задолжителниот двонеделен карантин за граѓаните кои пристигнуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора во Бугарија.

Двете промени се предложени од Главниот државен здравствен инспекторат на Бугарија по оценката на епидемиолошката состојба и ризикиот од ширење на Ковид-19 во Бугарија.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ