Чаевите не можат да ве заштитат од корона вирусот, но можат да помогнат во зајакнувањето на вашиот имунитет, што е многу важно во моментов. Додека коронавирусот брзо се шири низ целиот свет и експертите од сите страни нè советуваат како да се заштитиме, добро е да се преземат некои мерки за подобрување на имунитетот.
Чајот, покрај здравата и разновидна исхрана и многу сон, е уште една работа која е одлична за зајакнување на имунитетот, а ова се најдобрите видови.
Чај од коприва
Оваа билка е богата со калциум, калиум, железо, фосфор, витамини А и Ц и содржи флавоноиди кои имаат антиоксидантни својства. Покрај зајакнувањето на имунитетот, чајот од коприва има антиинфламаторно дејство и помага при алергии, заболувања на црниот дроб, анемија, бубрежни и белодробни заболувања. Овој чај исто така го забрзува метаболизмот.
Чај од камилица
Конзумирањето на овој чај на дневна основа помага во зајакнување на имунитетот, но го намалува и стресот, што е важно за здравјето на срцето. Камилицата исто така содржи флавоноид наречен апигенин, за кој се верува дека помага во спречување на малигните заболувања.
Зелен чај
Обично се нарекува „универзален чај“ затоа што придонесува за целокупното здравје. Она што е особено добро е што овој чај содржи многу аминокиселини, кои имаат одличен ефект врз имунитетот. Покрај тоа, зелениот чај содржи минерални соли, кои поттикнуваат ослободување на токсините, а исто така го намалуваат холестеролот.
Чај од жалфија
Оваа билка е позната како природен антибиотик кој помага во зајакнување на организмот, но и против грип, настинка, засипнатост, воспаление на грлото. Чајот од жалфија исто така помага во регулирање на прекумерно потење, придонесува за чистење на црниот дроб, а некои нови истражувања покажаа дека е добра превенција на Алцхајмеровата болест.
Чај од бозел
Овој чај е многу ефикасен во зајакнување на имунитетот, особено затоа што содржи флавоноиди, како и самбукол, состојка што го активира имуниот систем. Исто така, помага при вирусни инфекции и кашлица, како и кај ревматски заболувања. Покрај тоа, чајор од бозел има добар ефект врз срцето поради неговата висока содржина на калиум. Исто така, може да помогне во намалувањето на телесната температура преку поттикнување на потење.
Мајчина душица
Оваа билка е многу богата со витамин Ц поради што има ефект на зајакнување на имунитетот. Исто така, содржи есенцијални масла, што го прави добар сојузник во борбата против бактериите и габите. Покрај витамин Ц, мајчината душица е богата со бакар, калциум, фосфор, цинк … Исто така, помага во ублажување на кашлицата и чистењето на дишните патишта, а ги намалува и болките во грлото. А.Р.