понеделник, декември 23, 2024
домаЧернобил ќе произведува струја

Чернобил ќе произведува струја

Во напуштената зона поради нуклеарна несреќа во украински град Чернобил повторно ќе се произведува струја. Проектот за изградба на соларен парк во радиоактивната зона се очекува да добие зелено светло од украинските власти следниот месец, пренесува Bloomberg. Зад првиот ваков проект во Чернобил стои група инвеститори кои планираат да вложат 100 милиони евра во изградбата на обновливи извори на енергија во напуштената област, озлогласена по тешката индустриска несреќа која што се случи на 26 април 1986 година во советската нуклеарна централа Чернобил. Настојувањето ќе се реализира од украинската инженерска фирма Rodina Energy Group Ltd., во партнерство со Enerparc AG – компанија за чиста енергија со седиште во Хамбург, Германија. Проектот ќе биде со моќност 1 мегават, а неговата изградба ќе чини околу 1 милион евра, посочува Евгениј Варјагин, извршен директор на Rodina. “Малку по малку, сакаме да се оптимизира Чернобил зона”, вели Варјагин. “Не треба да има црна дупка во средината на Украина. Нашиот проект ќе се наоѓа на 100 метри од реакторот “, додава Варјагин.

Во јули 2016 година украинскиот министер за екологија ги објави плановите за оптимизирање на напуштени зона околу оштетената нуклеарна централа. Радијацијата во овој регион не дозволува земјата да се користи за земјоделство или пошумување,па инсталација на капацитети за обновлива енергија изгледа добра опција за конкретниот терен. Чернобил располага со електрична мрежа која ги поврзува најголемите градови во Украина, останати од времето кога нуклеарната централа работела нормално. За да привлече инвеститори, Владата најави ниска цена за земјата и високи откупни цени на електрична енергија. Така Rodina и Enerparc си обезбедија договор за откуп на струја по цена од 15 евроценти за киловат-час до 2030 година Ова е околу 40% повисока цена од горната граница во Европа според индексот на Bloomberg New Energy Finance’s, кој ги мери трошоците за соларна енергија. “Високата цена е поради ризичниот пазар, толку е едноставно”, вели Пјетро Радоја, аналитичар во BNEF. “Претпоставувам дека инвеститорите се таму поради повисоките приходи”, додава тој.
Rodina и Enerparc планираат да го распоредат проектот до вкупно 100 мегавати инсталирана моќност во Чернобил. Украинската компанија е отворена за нови партнерства во иднина, наведува Варјагин. Rodina има соларни паркови во Украина, Белорусија, Турција, Ерменија и Казахстан, а инсталираните капацитети вкупно достигнуваат до 150 мегавати.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ