Четири нови позитивни случаи на коронавирусот, вкупно заразени 35 лица

0
149

Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје, се велии во соопштението и се додава дека состојбата на сите пациенти е стабилна.

Министерството за здравство информира и дека се негативни резулататите на сите патници кои пристигнаа доцна синоќа на скопскиот аеродром со авион од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите, по што се пуштени дома во задолжителна изолација.

Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија, соопштија од Министерството за здравство.

Повеќе информации ќе бидат споделени на прес-конференцијата на Министерот за здравство Доц. Д-р. Венко Филипче закажана за 15 часот во Владата на РСМ. А.Р.