сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотЗдравјеЧетири починати лица, 53 оздравени, 13 нови случаи на КОВИД-19

Четири починати лица, 53 оздравени, 13 нови случаи на КОВИД-19

Во изминатото деноноќие починаа 4 лица заболени од КОВИд-19, соопшти министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58-годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81-годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.

Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени пациенти од коронавирус. По градови: Скопје – 25, Куманово – 13, Прилеп – 5, Струга – 1, Битола – 4, Охрид – 1, Кочани – 4.

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1399 пациенти. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ