сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЗдравјеЧетири знаци кои укажуваат на недостиг од јаглехидрати

Четири знаци кои укажуваат на недостиг од јаглехидрати

Јаглехидратите заедно со протеините се едни од важните макронутриенти кои се наоѓаат во храната. Иако се смета дека тие се одговорни за акумулацијата на вишокот килограми, недостатокот на јаглехидрати може да му наштети на здравјето. Нутриционистот Никола Лудлам-Рајне се согласува дека преработените јаглехидрати треба да се елиминираат, но секако не сите. Јаглехидратите се гориво што му е потребно на телото да се движи и мозокот да размислува, пренесува „Б92“.

Доколку избегнувате јаглехидрати може да се појават и проблеми, а следните симптоми откриваат дека ви недостасуваат во организмот.

Недостаток на енергија: со оглед на тоа што се гориво за организмот, доколку целосно го намалите нивниот внес, веројатно ќе забележите дека имате помалку енергија. Иако нашето тело може да користи други работи за енергија, јаглехидратите ќе ја понудат побрзо и телото ќе функционира подобро.

Мозочна магла: на мозокот му е потребна гликоза за да функционира правилно. Така, кога не консумирате доволно јаглехидрати, може да се најдете во лошо расположение и да се борите да се концентрирате. Заедно со протеините, тие ќе помогнат во производството на триптофан, кој се претвора во серотонин, попознат како хормон на среќата. Јаглехидратите можете да ги добивате од цели зрна, овошје и зеленчук, кои исто така ќе понудат многу влакна и есенцијални минерали за благосостојбата на целото тело.

Помалку енергија за вежбање: телото ги складира јаглехидратите како гликоген во црниот дроб и мускулите, а тие се користат за енергија што им е потребна на сите спортисти, во кој било спорт за да се занимаваат, дури и брзо одење, а особено им се потребни на оние кои се занимаваат со интензивни активности како што се HIIT програмите. Ако не консумирате доволно јаглехидрати, нема да бидете успешни како и обично на тренинзите и може да страдате од болки во мускулите или главоболки.

Тешко закрепнување после тренинг: не само што ќе послужи како гориво за тренинзи, туку ќе помогне и за закрепнување после тренинг. Бидејќи на телото му се потребни хранливи материи после тренинг, дефинитивно се препорачува да се користат јаглехидрати за овие цели. Ако телото не се опорави правилно, болката во мускулите е неизбежна и ќе напредувате побавно.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ