домаЧетворица мртви во нов пожар во романска болница

Четворица мртви во нов пожар во романска болница

Четири пациенти починаа во пожарот што избувна во Ковид болницата во главниот град на Романија, Букурешт. Ова е втор смртоносен пожар во романска болница за помалку од три месеци. Итните служби евакуираа 102 пациенти од oпожарeната болница.

Пожарот, кој беше изгаснат, избувна околу три наутро во една од зградите на болницата „Матеи Балс“. Изгореа четири простории, а причината за пожарот сè уште не е позната.

Болничката зграда во која избувна пожарот е изградена во 1953 година и е целосно обновена. „Матеи Балс“ е една од најголемите и најфреквентни ковид болници во земјата.

Во Романија, која е се грчи под налетот на корона, хоспитализирани се скоро 7.700 пациенти со ковид. Земјата има регистрирано 721.513 случаи на корона и 18.105 смртни случаи.

Во ноември избувна пожар во одделот за интензивна нега на болницата „Пјатра Неамут“, при што загинаа десет лица.

Дури и пред пандемијата, здравствениот систем на Романија беше под голем притисок поради корупција, недостиг и политизација на управувањето. Романија, пишува Ројтерс, има најмалку развиена здравствена инфраструктура во ЕУ. Државата изгради една болница во последните 30 години, троши најмалку на здравствена заштита од сите членки на ЕУ, а десетици илјади лекари и медицински сестри емигрираа од земјата. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ