четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаЧулев: Во самоизолација 3787 лица, поднесени 39 кривични пријави за непочитување на...

Чулев: Во самоизолација 3787 лица, поднесени 39 кривични пријави за непочитување на мерките

Заклучно до денес од страна на МВР против 47 лица се поднесени 39 кривични пријави, како и едно известување до надлежно ОЈО, повеќето врз основ на прекршување на членот 206 од Кривичниот законик,  а во 12 од овие случаи и врз основа на членот 205 од КЗ на РСМ, соопшти денес на прес конференција мминистерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Министерот Чулев потенцирајќи ја важноста на најголемиот Сектор за внатрешни работи – Скопје, со оглед на подрачјето кое што го покрива во својата надлежност, информираше дека полициските службеници од СВР Скопје во моментов обезбедуваат 215 лица со решенија за изолација, од вкупно 349 лица на целата територија на државата, како и обезбедување и контрола на 1088 лица со наредби за самоизолација, што е речиси третина од вкупната бројка на самоизолирани лица на територијата на државата којашто во моментов изнесува – 3787.

Чулев потенцираше дека во изминативе 24 часа од извршените контроли над овие лица констатирано е дека на подрачјето на СВР Скопје едно лице не го почитувало решението за изолација, а петмина наредбите за самоизолација, додека пак на ниво на цела држава евидентирани се 27 случаи на непочитување на наредбите за самизолација. Министерот Чулев го изнесе и податокот дека од страна на припадниците на СВР Скопје во изминатите 24 часа извршена е контрола на вкупно 81 објекти од кои три не ги почитувале одлуките на Владата и за истите е издадено предупредување. Вкупниот број на контролирани објекти на територијата на државата во последните 24 часа е – 462, од кои шест објекти не ја почитувале одлуката на Владата.

-Причината за денешната посета на Секторот за внатрешни работи Скопје пред се е мотивирана од потребата да ги охрабриме полициските службеници да бидат истрајни во сите активности што ги преземаат, а што произлегуваат од мерките, препораките и одлуките на Владата, се со цел да бидеме непоколеблив гарант во заштитата на животот и здравјето на граѓаните. Не е време за политика и политички мотивирани одлуки, наша должност е да застанеме цврсто во заштита на граѓаните на нашата држава – меѓу другото истакна министерот Чулев при работна посета на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Тој се сретна со раководството на оваа најголема полициска организациона единица,  при што беше информиран за сите тековни активности и актуелни состојби особено во доменот на полициското работење во превенцијата и сузбивањето на епидемијата од корона вирусот “Ковид 19“.

Инаку, министерот Чулев нагласи дека СВР Скопје веќе превзеде мерки и оперативни активности во насока на реализација на одлуките од вчерашната седница на Влада, и тоа првенствено околу забраната за пристап на лица и возила во Парк шумата “Водно“ во периодот од 18,00 часот до 06,00 часот, што стапува на сила денеска, а ќе трае до престанокот на важење на ова ограничување, како и околу недозволувањето на поголеми собирања – не повеќе од пет лица – во паркови и на други јавни места и јавен простор. СВР Скопје, исто така превзема мерки и за засилување на контролите во приватните куќи и вили во околината на главниот град, во кои се организираат забави и собирања, со цел  елиминирање на ваквите појави. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ