четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаЦрна Гора го отвори последното поглавје во преговорите со ЕУ

Црна Гора го отвори последното поглавје во преговорите со ЕУ

Црна Гора го отвори последното, осмо поглавје во преговорите со Европската унија на Меѓувладината конференција во Брисел, пренесува РТЦГ. Ова е Поглавје 8, кое се однесува на конкуренцијата.

Коментирајќи го отворањето на Поглавјето 8, европскиот комесар за проширување Оливер Вархели рече дека тоа е „јасен сигнал за посветеноста на Европската унија за Западен Балкан“.

„Задоволен сум што Црна Гора го отвори последното поглавје – Конкуренција во преговорите за пристапување со ЕУ. Ова е јасен сигнал за нашата посветеност кон Западен Балкан и политика за проширување“, наведе Вархели на Твитер.

Тој исто така истакна дека сега е неопходно фокусот да се стави на реформите, особено во областа на владеењето на правото, за Црна Гора да може да напредува на патот кон ЕУ.

Поглавјето Конкуренција опфаќа заштита на конкуренцијата и државна помош.

Преговорите во тоа поглавје имаат за цел ефикасно спроведување на политиката за заштита на конкуренцијата, која придонесува за подобрување на економијата, развој и раст на бројот на компании, подобрување на инвестициите во истражување и развој на нови производи, привлекување нови инвестиции, зголемување на производството и извозот. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ