сабота, декември 21, 2024
домаЦрна Гора има најмногу автомобили по глава на жител во регионот

Црна Гора има најмногу автомобили по глава на жител во регионот

Црна Гора има најмногу патнички возила по глава на жител, покажуваат податоците на Евростат објавени од Радио Слободна Европа.

Според овие податоци, во Црна Гора има 369 автомобили на 1.000 жители.

Следи Србија со 344, во Северна Македонија тој број е 263, во Босна и Херцеговина 262, а во Албанија 226. Најмалку автомобили има на Косово, 182 на илјада жители.

Објавените податоци се однесуваат на 2022 година, додека податоците за Косово се од 2021 година, пренесе црногорски „Вијести“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ