сабота, ноември 30, 2024
домаЖивотЗдравјеЦрвен аларм: Цела Италија со забрана за јавни собири

Црвен аларм: Цела Италија со забрана за јавни собири

Премиерот на Италија Џузепе Конте и се обрати на јавноста и објави дека цела Италија поради корона вирусот станува црвена зона. Забранети се јавни собири ширум земјата.

Тој додаде дека на ваква мерка се одлучиле поради значајниот пораст на починати и заразени лица.

Италијаните ќе смеат да се движат само на работа, од здравствени причини и во итни случаи.

“Нашите навики мора да се сменат веднаш”, изјави Конте во вонредно обраќање до нацијата.

Во моментот вкупниот број на заразени во Италија е 9,172 лица, а досега починаа 463 луѓе.А.Р.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ