сабота, јули 27, 2024
домаЦветин, Илиевски и Ѓе. Ѓе. со цртежи, рецитации и шах ги чевствуваа...

Цветин, Илиевски и Ѓе. Ѓе. со цртежи, рецитации и шах ги чевствуваа Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Блаже Конески

Во организација на Македонско здружение за култура, обичаи и традиции ,,Гороцвет”, денеска, по повод големиот празник Свети Кирил и Методиј беше одржано чевствување на светите македонски просветители, како и прослава на два јубилеи- уметникот Живко Поповски Цветин одбележуваше 35 години од добивањето на песната “Ружа” од Блаже Конески, добиена на факсимил и со потпис од авторот на 24 мај 1986, додека шаховскиот велемајстор  и шампион Димче Илиевски прославуваше 75 години откако Блаже Конески играл шах со Александар Матановиќ ( велемајстор во шах), и ремизирал во тогашната гостилница “Пелистер” , во 1946 година.
Чевствување почна во МАНУ пред споменикот Блаже Конески, каде песната “Ружа” ја донесе Димитар Илиевски, а текстописецот Ѓорги Ѓоргиевски Ѓе. Ѓе. наизуст ја изрецитира ” Везилка” и уште неколку значајни стихови од великанот Конески, а продолжија со ремизирана партија шах во “Пелистер”. Таму се потсетија на успесите на Конески и како шахист, во 1948 основан е Шаховскиот Сојуз на Македонија (денес Шаховска Федерација на Северна Македонија), на која за претседател бил избран Блаже Конески, вљубеник во шахот, а во исто време вонсериски лингвист, славист, прозаист, есеист, публицист, литературен историчар, протагонист во процесот на кодификацијата на македонскиот јазик и втемелувач на македонистиката. Достоен следбеник и продолжува на делото на Кирил и Методиј.
Потоа, спомениците на Свети Кирил и Методиј и Свети Климент Охридски кај Камен мост, Цветин ги украси со цветни ленти, а беше прочитано и Пофално слово од Свет Климент кон неговиот учител Кирил.
Уметникот Цветин, познат по кандидатурата за Нобелова награда, пред присутните ја прикажа и 8 метарската пригодна цветна лента на која покрај црвено – црни цветни мотиви ги испишал и песните од Конески, а на присутните им подари 35 цртежи, со симболична бројка по повод денешниот негов јубилеј. В.Ѓ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ