петок, јули 26, 2024
домаЖивотЦветин со цветни цртежи за среќнo второ полугодие

Цветин со цветни цртежи за среќнo второ полугодие

По повод отпочнувањето на второто полугодие од учебната 2021/2022 година, во координација со раководството на ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје, познатиот уметник Живко Поповски – Цветин, пред бистата на поетот чие име го носи училиштето, на втори февруари им се претстави на учениците со дел од своето творештво посветено на мисијата што ја шири преку „Цветната мировна штафета“ со основната порака за  мир, љубов и добро здравје, за заштита на животната средина и напредок на општеството.

Отворањето на настанот се одржа пред учениците од 2А одделение предводени од наставничките Билјана и Маја, a ученичката Лина прочита песна за штафетната мисија напишана со помош на нејзиниот дедо, кој го придружуваше големиот уметник.

Симболиката на пораката изразена во стиховите на Лина: „ Тој цветна мироносна штафета ни дари, за мир да шириме од рака на рака, со порака за љубов, здравје и подобар живот“, се оствари со предавање и пренесување на вистинската штафета, која остана во учлиштето за да се запознаат и другите одделенија и секој ученик да може да ја допре и пренесе пораката.

Уметникот на присутните и од други одделенија им подари слики со цветови во различна големина и посебно за персоналот на училиштето. На учениците и наставничките „во живо“ им покажа како ги создава сликите и насликаните со свежи цветни бои им ги подари за спомен и сеќавање на настанот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ