сабота, ноември 30, 2024
домаЖивотЗдравјеДецата остануваат дома со еден родител во следните 14 дена

Децата остануваат дома со еден родител во следните 14 дена

На вонредната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче ги потврди заклучоците на Комисијата за заразни болести и соопшти дека сите воспитно-образовни институции ќе ја прекинат активноста во следните 14 дена.

Министерот посочи дека дополнтелните мерки се усвоени по првиот случај на локална трансмисија и посочи дека бројката на заразени останува на седум пациенти. Тој соопшти дека е лесна клиничка форма на болеста  кај 6 од нив, а првата дијагностицирана пациентка е целосно стабилизирана, се чекаат резултати од контролните тестови, и нема нов докажан случај, но се тестира 16-годишна пациентка со неспецифични знаци за горнореспираторна болест.

Владата ги усвои сите мерки предложени утрово од Комисијата за заразни болести,  и додаде дека за еден родител до 10-годишна возраст ќе се овозможи платено отсуство во следните 14 дена. Отсуството важи и за родителите вработени во приватниот сектор.

Во високообразовните установи и јавни научни установи се препорачува одложување на активностите. Истовремено ослободени од работа се бремените и хроничните болни.

Важи и забраната за јавни собири со над 1000 учесници, се препорачува да се откажат и собири со учесници под оваа бројка, а се забрануваат спортски натпревари со публика во следните 30 дена.

Мерките стапуваат на сила веднаш.  А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ