домаКУЛТУРАMузика, Опера, БалетДесеттото издание на фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“ денеска во Филхармонија

Десеттото издание на фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“ денеска во Филхармонија

Десеттото издание на фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“, по повод Меѓународниот ден на џезот ќе се одржи денеска во Македонската филхармонија, соопшти организаторот, Националниот џез оркестар.

Промената на локацијата е поради најавените неповолни временски услови, па како што беше и претходно најавено фестивалот е преместен од Парк „Ибни Пајко“ во салата на Македонската филхармонија.

Сите концерти ќе се одржат според најавената програма, со иста енергија, врвни музичари и фестивалска атмосфера.

Програмата почнува од 16 часот со настапи на домашни и странски изведувачи: отворањето е со PEACH VICE (МК), од 17:15 се NEXT TO SILENCE (МК), од 18:30 – ARNAU GARROFÉ: “FRANTIK ZEN” (ES/BG), од 19:45 часот е JACO LIVES! – Национален џез оркестар & Dane Alderson (MK/USA), диригент е Сиги Феигл од Австрија, а од 21:00 часот е настапот на ЛЕБ И СОЛ (МК).
Меѓународниот ден на џезот е прогласен од UNESCO во 2011 година, по иницијатива на Херби Хенкок, и се одбележува во повеќе од 190 земји.
Настанот е поддржан од Халкбанк АД Скопје и СКОПСКО.
Влезот е слободен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ