домаДетали за несреќата во која загина чешкиот милијардер Келнер: Бил на хели-скијање...

Детали за несреќата во која загина чешкиот милијардер Келнер: Бил на хели-скијање во луксузно одморалиште

Најбогатиот човек во Чешка, милијардерот Петр Келнер (56), познат како сопственик на Теленор во Србија, е една од петте жртви на хеликоптерската несреќа на Алјаска, соопшти денеска неговата финансиска група ППФ.

„Њујорк тајмс“ пишува дека Келнер бил на патување со хеликоптерот „Ербас АС350 Б3“ кога леталото паднало во близина на глечерот Ник. Келнер загинал заедно со уште еден гостин во планинарскиот дом „Тордрило маунтин“, Бенџамин Ларокај, исто така од Чешка, двајца водичи Грегори Хармс и Шон Мекманани и пилотот Зак Расел.

Едно лице преживеа и е во тешка, но стабилна состојба, соопшти армијата на Алјаска, додавајќи дека Националниот одбор за безбедност на сообраќајот ќе спроведе истрага за да се утврдат причините за несреќата.

Службите за итни случаи беа информирани околу 22 часот во саботата дека хеликоптерот не се вратил од екскурзијата и дека биле забележани остатоци од падот во близина на глечерот Ник.

„Њујорк Тајмс“ истакнува дека „Тордрило маунтин“ е луксузно одморалиште за повеќе спортови и нуди водени пакети за хели-скијање во текот на зимата со цени од 15.000 долари по лице. Одморалиштето изрази жалење за несреќата, наведувајќи дека за прв пат по 17 години, тие се соочиле со настан од вакви размери.

Претставник на домот во Џад Лејк, Алјаска, изјави дека не ги знае причините за падот на хеликоптерот, зад кој стои компанијата „Солој хеликоптери“ во Васила. Од домот потврдија дека изнајмиле лет.

Според информациите од одморалиштето, Келнер бил чест гостин и пријател.

Причините за несреќата сè уште не се познати. Властите истакнаа дека теренот е многу стрмен и покриен со снег и дека се спроведува истрага. Телата на Келнер (56), Ларокај (50), Хармс (52), Мекманан (38) и Расел (33) биле извлечени од остатоците.

Засега не е познат идентитетот на преживеаниот, пренесуваат медиумите. Во моментот не е дозволено летање над областа каде што се случила несреќата, додека се извлекуваат остатоците од хеликоптерот. Спасувачите се обидуваат да ги извлечат остатоците од хеликоптерот пред да започне снежното невреме. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ