Ученичка во основно училиште на југот на Чешка во вторникот со нож ранила две деца. Девојчето (13) ги избодело своите врсници пред почетокот на часот во основно училиште во чешкиот град Домажлице.
Децата, чии повреди не биле опасни по живот биле пренесени во болница, извести полицијата на мрежата „Икс“. Осомничената веднаш била приведена, пренесе „Радио Прага Интернационал“.
Според полицијата, експерти за кризни интервенции се на лице место подготвени да пружат психолошка помош на оние на кои им е потребна.
Мотивот за нападот се уште не е јасен, но локалните медиуми јавуваат дека таа постојано ги напаѓала своите врсници поради лошиот успех.