Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, ќе донира 100 милиони долари во наредните 10 години за борба против расизмот.
Донацијата ќе се реализира преку брендот „Џордан“, кој го користи името на славниот кошаркар, а е во сопственост на компанијата „Најк“.
„Денес објавуваме дека Мајкл Џордан и марката Џордан ќе донираат 100 милиони долари во текот на следните 10 години на организации посветени на обезбедување расна еднаквост, социјална правда и поголем успех во образованието“, се вели во соопштението.
Џордан реши да го преземе овој чекор по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд и протестите што следуваа низ САД. А.Н.