сабота, ноември 16, 2024
домаНеаДијалогот од Таланоа мора да премине во акција!

Дијалогот од Таланоа мора да премине во акција!

Од Александра Радевска, специјален известувач од COP24

На затворањето на Таланоа дијалогот, вечерва на COP24 во Катовице, Полска, Претседателствата на оваа и минатогодишната конференција на ОН за климатски промени (COP24 и COP23) го објавија Таланоа повикот за акција – итна и брза мобилизација на сите општествени чинители за да ги интензивираат своите напори со цел да се исполнат глобалните климатски цели договорени во Париз во 2015 година. Повикот за акција беше упатен од младите шампиони Тимоци Наулусала од Фиџи и Хана Војдовска од Полска. Завршната сесија бешe заклучување на 21 министерска тркалезна маса на COP24, што трае до крајот на неделава тука во Катовице. На тркалезните маси се собраа речиси 100 министри и над 40 недржавни заинтересирани страни, за да најдат начин за напредување во глобалната акција за климата.
“Со голема радост и заложба полското претседателство го води Дијалогот Таланоа заедно со Фиџи”, рече претседателот на COP24 Михаил Куртика. “Размената на искуства и добри практики, која е водена од идејата за дијалог, е особено важна во оваа фаза – дискусијата на Дијалогот ќе се фокусира на прашањето: како сакаме да ја постигнеме целта? Слично е и главното прашање на COP24, односно воспоставувањето на правилата од Катовице, прикажувајќи ги можните патишта што секоја земја ќе ги следи во своите напори за интензивирање на активностите за заштита на климата. Оттаму, Дијалогот Таланоа е тесно испреплетен со главната задача на COP24 – развивање на специфични методи за борба против климатските промени кои се оптимални за секоја страна.”
Премиерот на Фиџи, Френк Беинимарама, претседател на COP23, рече дека времето за разговор и слушање – колку и да е важно и ќе продолжи да биде важно во процесот Таланоа – сега мора да отстапи простор за акција.
“Дијалогот Таланоа сега мора да отстапи простор на Таланоа повикот за акција. Заедно, мора да ја препознаеме сериозноста на предизвикот со кој се соочуваме – потребата за петкратно зголемување на нашите колективни национално утврдени придонеси – пет пати повеќе амбиции, пет пати повеќе акција – ако сакаме да ја постигнеме целта од 1,5 степени. Заедно, ние безрезервно треба да ја прифатиме науката и советите дека нашите сегашни Национално утврдените придонеси (НУП) водат кон затоплување од најмалку 3 степени до крајот на овој век. Заедно, мора да се посветиме на продолжување на размена на идеи и најдобри практики за да ги подигнеме нашите НУП и да постигнеме нула емисии до 2050 година. Заедно можеме да ја надминеме најголемата закана со која човештвото некогаш се соочило – со тоа што целата глобална заедница постепено ќе стане попросперитетна и поотпорна,” рече тој.
Севкупно, денешниот “повик за акција” претставува исход од едногодишен процес кој за прв пат во историјата на ОН за климатските промени ги собра владите и илјадници актери од целиот свет во неформални дискусии за меѓународната политика за клима, на која речиси сите сегменти на општеството го кажуваат своето мислење. Повикот е упатен во контекст на остри предупредувања во неколку неодамнешни извештаи на ОН – вклучувајќи го и Специјалниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) за 1.5 и Извештајот за емисиите на емисии на УНЕП кои покажуваат дека емисиите на стакленички гасови продолжуваат да растат, а само брзите и далекусежни дејства од невидени размери, заедно со соодветни ресурси и технологија, може да ги спречат најлошите климатски влијанија и да им овозмо]ат на транзиционите економии праведна, чиста иднина.
Поради тоа, се испраќа критички политички сигнал до владите во момент кога се залагаат за ажурирање на нивните национални климатски ветувања и подготовка на долгорочни климатски стратегии до 2020 година. Во духот на Таланоа дијалогот – кој ги вклучи инпутите на сите актери во текот на 2018 година – изјавата опфаќа серија “повици” насочени кон владите, меѓународните агенции, недржавнинте засегнати страни, граѓанското општество, духовните водачи и младите, како средство за поттикнување поголема политичка волја и акција. Претседателствата сега ги покануваат сите засегнати страни – вклучувајќи ја и општата јавност – да се приклучат на Таланоа повикот за акција за да ја засилат пораката и да ја прошират поддршката.
Дијалогот Таланоа – позајмен од традиционалниот начин на одржување на разговори во Фиџи за справување со колективните прашања – беше инициран како дел од климатските разговори на ОН и собра погледи на три водечки прашања во врска со климатската криза: Каде се наоѓаме? Каде сакаме да одиме? Како да стигнеме таму? Неговата цел беше да се земат предвид глобалните напори откако беше усвоен Парискиот договор и да се информира за подготовката на национално утврдените придонеси. Одговорот беше огромен, покажувајќи невидени нивоа на климатска акција од владите, бизнисите, граѓанското општество, граѓаните и многу други. По третото прашање, процесот идентификуваше бројни решенија и начини да ги исполни целите од Париз.
Вреди да се спомене дека во многу случаи ставовите собрани од недржавните засегнати страни се оние на коалиции на актери кои опфаќаат многу различни земји и претставуваат значителен дел од светската популација и светската економија. Практично, сите придонеси покажуваат аларм во јазот помеѓу сегашните нивоа на амбиција и акција и она што е потребно за да се постигне целта на Парискиот договор и повик за поголема одлучност од сите да создадат поволна средина и да ги отстранат бариерите за ослободување на неискористениот потенцијал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ