понеделник, јуни 17, 2024
домаНасловнаДИК: Излезноста на изборите до 15 часот е 31,78 отсто

ДИК: Излезноста на изборите до 15 часот е 31,78 отсто

Според податоците на Државната изборна комисија до 15 часот излезноста на предвремените парламентарни избори во земјава е 31,78 отсто, односно на вкупно 3.435 избирачки места каде досега се обработени податоци, гласале 576.576 граѓани, соопшти на прес-конференција портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

Излезноста по изборни единици е следна:

ИЕ 1- 34.5 отсто

ИЕ 2 – 29,96 отсто

ИЕ 3 – 37,24 отсто

ИЕ 4 – 35,56 отсто

ИЕ 5 – 31,51 отсто

ИЕ  6 – 22,85 отсто

По општини најголема излезност во ИЕ 1 има во Кисела Вода – 36,77 отсто, Карпош 38,4 и Центар со 38,82 отсто.

Во ИЕ 2 најголема излезност има во општина Ѓорче Петров со 36,74 отсто и општина Бутел со 34,54 отсто.

Во ИЕ 3 најголема излезност има Берово со 41,09 отсто, Градско со 37,62, Лозово со 42,46 отсто и Пробиштип со 44,32 отсто.

Во ИЕ 4 најголема излезност има во Гевгелија со 44,01 отсто, потоа следи Демир Капија со 42,52 отсто и Неготино со 41,5 отсто.

Во ИЕ 5 се издвојува Вевчани со најголема излезност од 49,22 отсто, Крушево со 47,02 и Дебарца со 36,07 отсто.

Во ИЕ 6 најголема излезност има општина Гостивар со 23,65 отсто,  Тетово со 26,17 отсто и Јегуновце со 25, 21 отсто.

А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ