сабота, декември 21, 2024
домаЖивотЖивотна срединаДИЖС: Фирми во кругот на Железара работат без елаборати за животна средина

ДИЖС: Фирми во кругот на Железара работат без елаборати за животна средина

Вонреден инспекциски надзор во кругот на Железара откри дека таму работат фирми без елаборати за заштита на животната средина, соопшти Државниот инспекторат за животна средина(ДИЖС).

На барање на граѓаните од Гази Баба, инспектори на Државниот инспекторат за животна средина, во соработка со Инспекторатот на град Скопје, излегле на терен и направиле два вонредни надзора во индустриската зона, каде покрај Макстил, работат и повеќе други правни субјекти.

Прв инспекциски надзор е направен на 9 декември (среда) при што е јасно утврдено прекршување на законот, констатирано е дека повеќе правни субјекти работат без елаборати за заштита на животната средина. Сите се задолжени во најкус можен рок да изработат елаборати и да обезбедат одобрение од соодветна институција во согласност со закон, се вели во соопштението од ДИЖС.

При вториот инспекциски надзор спроведен вчера, 10 декември, во вечерните часови, на лице место лично присуствувале и директорката на ДИЖС, Ана Петровска, раководителот на градскиот инспекторат Горан Трајчевски, акредитирана лабораторија, придружувана од екипа од Канал 5 Телевизија.

Инспекторите и акредитираната лабораторија направиле мерења на лице место, а резултатите се очекуваат во текот на следните денови, се додава во соопштението.

Во текот на инспекцискиот надзор е побарано објаснување за бучавата на која се жалеа граѓаните на Гази Баба. Било потврдено дека бучавата доаѓа од Макстил, поточно од електролачната печка за топење на старо железо, која и покрај изолацијата на погонот, создава силни звуци кои пробиваат во надворешната околина.

Од ДИЖС истакнуваат, дека Макстил е задолжен да го води производниот процес на начин кој нема да создава бучава и да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ