недела, декември 22, 2024
домаЖивотЖивотна срединаДИЖС со казна од 20.000 евра за загадувачот „Пејпер Мил“

ДИЖС со казна од 20.000 евра за загадувачот „Пејпер Мил“

Промените во процесот и опремата што во меѓувреме ги правел инвеститорот, не дале резултат

Државниот инспекторат за животна средина предложи казна од 20.000 евра, откако два пати е констатирано надминување на дозволените вредности на емисиите, а промените во процесот и опремата што во меѓувреме ги правел инвеститорот, не дале резултат.

-Државниот инспекторат за животна средина интензивно работи на спречување на загадувањето од Пејпер Мил – Кочани и инсистира на почитување на законите. Од првиот вонреден надзор над инсталацијата на 04.11.2020 година, направени се две мерења (на 13.11.2020 и 02.12.2020) и два пати е констатирано надминување на дозволените вредности.

Кај „Пејпер Мил“ два пати е констатирано надминување на дозволените вредности на емисии

Промените во процесот и опремата што во меѓувреме ги правеше инвеститорот, не дадоа резултат. Предложена е казна од 20.000 евра, со Решение е наредено да се врши редовно мерење на емисиите, а Пејпер Мил се обврза да инвестира во вреќаст филтер поради повеќекратно намалување на емисиите – се вели во соопштението од ДИЖС.

Наредното мерење на емисиите е на 30-ти декември и доколку со ова мерење се докаже надминување на граничните вредности, ќе се нареди инсталацијата да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин. Во спротивно ќе се забрани работењето, се до обезбедување на филтерот и водење на процесот на начин на кој нема да се загадува Кочани, додаваат од ДИЖС. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ