петок, декември 20, 2024
домаЖивотЗдравјеДве чаши зелен чај дневно!

Две чаши зелен чај дневно!

Ако сте сакале да намалите од  телесната тежина, сигурно сте се обиделе со зелен чај. Дури и ако не го користите лично, тогаш веројатно сте слушнале дека служи за намалување на телесната тежина. Сепак, како и секој друга метода, и оваа не е совршена. Зелениот чај, како и секој друг производ, има свои предности и недостатоци. Да, точно е дека е здрав, но сепак, прекумерни количини може да доведат до разни негативни последици.

Дневно е доволно да се внесат 2 чаши зелен чај . Сето внесување повеќе од ова, ќе биде штетно за вашето тело.

Внасувањето на поголеми количини, може да предизвика главоболка, проблеми со стомакот, немир, срцева аритмија, гадење, губење на апетит … Исто така, не се обидувајте да пиете зелен чај доцна во ноќта, бидејќи тоа ќе има лошо влијание врз вашиот сон.

И сега најважно – според некои студии консумирањето на зелен чај е штетно во комбинација со антидепресиви, апчиња за смирување, лекови против алергии и таблети за контрацепција. Зелениот чај, исто така, не се препорачува за анемични лица. Придобивки од зелениот чај може да има, но само со внимателно конзумирање.

Сепак, придобивките од пиењето на зелениот чај, според некои експерти, се тоа што го забавува стареењето, го забрзува метаболизмот и согорува масти. Па затоа тој има многу предности ако се конзумира во препорачаната дневна доза.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ