петок, ноември 15, 2024
домаКУЛТУРАMузика, Опера, БалетДолг аплауз за Камерниот оркестар на Националната опера и балет во Виена

Долг аплауз за Камерниот оркестар на Националната опера и балет во Виена

Во познатата Почесна сала (Ehrbar Saal) во Виена вчеравечер се одржа концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, чиј настап, многубројната публика го поздрави со долг аплауз, а го проследи и Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

На концертот, на кој присуствуваа и македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници од дипломатскиот кор, Камерниот оркестар на НОБ, под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, изведе композиции од: Пучини, Бритен, Цанев, Аврамовски, Имери и Шуплевски.

Специјална гостинка на вечерта беше истакнатата пијанистка Горјана Стојановска, чиј настап ја збогати уникатната можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена, продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурна размена и промоција на македонската уметност во светот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ