Оваа година, државите ќе дадат се од себе за да ги задржат што е можно повеќе туристи во рамките на нивните граници и со тоа да и помогнат на економијата и закрепнувањето на домашниот туризам од ефектите на пандемијата. Од промотивни кампањи, преку ваучери, до картички со пари што можат да се трошат само во земјата, државите веќе трчаат да имаат подобра понуда за туристите.
Тие ги промовираат убавината на своите планини, бањи, езера и оние што се на брегот и многу морски дестинации, се со цел да ги охрабрат граѓаните да трошат пари „дома“ и со тоа да и помогнат на туристичката индустрија и државата.
Се чини Србија предничи во ова и досега, и пред почетокот на пандемијата, акако дел од нејзината стратегија за развој на домаѓниот туризам, подели 260.000 ваучери Дефицитот што ќе следи заради помалото пристигнување на странските гости, ќе биде барем делумно компензиран со дејството на туристичките ваучери што им се делат на граѓаните. Покрај 260.000 ваучери кои беа поделени пред да започне епидемијата, државата најави уште две милијарди динари за туристички ваучери за празници во Србија, што значи дека ќе можат да ги користат уште 400.000 граѓани. Планирано е дека дестинациите, покрај бањите и планините, ќе бидат и Белград и Нови Сад.
Унгарците исто така имаат искуство во промовирање на летни одмори во рамките на нивната земја, а сега тие посветуваат поголемо внимание на тоа. Имено, Унгарија воведе картички со бенефиции за домашните туристи во 2010 година, а сега сумата на нив ќе се зголеми. Работодавците можат да упплаќаат на вработените одредена сума на картичките SZÉP, а кои пари можат да ги потрошат само во земјата. Дополнитело, сега ќе ги намалат придонесите што се плаќаат на тие суми. Исто така, постојат тековни кампањи кои ги повикуваат граѓаните да придонесат кон економијата со избирање дестинации за домашни одмори.
Министерството за надворешни работи на Чешка ги повикува граѓаните да не патуваат доколку тоа не е потребно и се очекува поддршка за домашниот туризам. Оваа земја исто така споменува можност за ваучери до вработените за употреба на годишен одмор во таа земја, што нема да се оданочува. Како што беше најавено, вредноста на ваучерот би била во износ од 10 илјади круни, што е нешто помалку од 400 евра. Министерството за локален развој веќе ја подготвува програмата „Одмор во Чешка“. Ова ќе им овозможи да учествуваат заедно во финансирањето на одморите, на корисниците, државата и туристичките компании.
Од јуни ќе започне дистрибуцијата на Кро-картички во Хрватска, на која работодавците ќе можат да им исплатат по 2.500 куни (околу 330 евра) на вработените, а таа сума може да се користи само во ресторани и за сместување во земјата, нешто слично на унгарскиот модел. Заедно со картата Кро што се подготвува, Хрватите размислуваат и за проектот „Недела за одмор“ каде цените на сместувањето, влезовите во националните паркови итн. ќе бидат преполовени.
До крајот на мај, ќе се знае дали Италијанците ќе добијат и финансиска помош за да ги поминат годишните одмори во својата земја. За износите од 300 до 500 евра се разговара за аранжман со најмалку три ноќевања на една од дестинациите во земјата. Јасно е дека оваа земја е најпогодена од вирусот, а туризмот ќе се опорави многу побавно. Затоа, реално е да се очекува дека земјата ќе го охрабри домашниот туризам на различни начини.
Австриската влада јасно посочува во медиумите дека е пожелно граѓаните да ги поминат годишните одмори во австриски отколку во странски дестинации. Во општеството, ова го сфаќаат сериозно од некои туристички агенции, кои досега се занимавале со т.н. заминување, веќе се преориентирани на внатрешните аранжмани.
Германските провинции веќе се борат да привлечат домашни туристи, но и да ги одвлечат туристите од вообичаените летни одмори на Јадранското Море, Медитеранот, Егејот и Јонското Море. Така, во оваа земја, која секоја година испраќа десетици милиони туристи низ светот, одморите во рамки на границите никогаш не биле по актуелни. Дури и во нормални услови, околу 35% од Германците избираат да го поминат годишниот одмор во својата земја, а сега, дисциплинирани како што се, нема да треба да им се објаснуваат премногу зошто е добро да се трошат пари во нивната земја. Локалните туристички организации дури сметаат дека некои германски дестинации може да се најдат пред вистинска туристичка инвазија.
Словенија исто така започна да ги популаризира празниците во рамките на своите граници. Тие, исто така, подготвуваат промотивна кампања за задржување на Словенците во рамки домашните дестинации. Како што најавуваат, „нема да застанат на зборови, владата веќе подготвува туристички ваучери за да го охрабри домашниот туризам.“
Полска исто така најави поддршка за домашниот туризам, а има и најави за воведување ваучери за домашни туристи. Како што беше истакнато, ваучерите ќе бидат достапни само наесен, па сè уште нема детали за тоа.
Додека земјите го насочуваат вниманието кон домашните туристи, тоа не би и помогнало многу на Црна Гора затоа што има премалку потенцијални гости кои не мора да ги преминуваат границите, особено ако се земе предвид дека туризмот во таа земја е основа на економијата. Една од интересните акции е што 16 црногорски хотелиери решија да им дадат на медицинските работници, кои се грижат за пациенти со коронавирус, вкупно 295 ваучери за три ноќи во хотели со 4 и 5 везди низ Црна Гора. Лекарите ќе можат да ги користат своите ваучери во текот на претстојната летна сезона во согласност со нивните обврски и хотелски капацитети.
Грчката стопанска комора ЕБЕА промовира организирање „одмори на попуст“ за дури два милиони Грци, кои со помош на специјални купони би ги покриле трошоците за петдневен одмор на домашна дестинација по свој избор, од јули до крајот на декември.
А, и како стојат работиве, тешко дека ќе има простор за патување надвор од границите на сопствените држави. Прво, секое излегување ќе чини по 290 евра од лице за корона тест, а потоа секоја лежелка на плажа дополнителни 10 -15 евра.
Од друга страна и државите, посебно оние од Унијата не се подготвени да примат странски туристи. Па така, ЕУ го продолжи периодот на затворање на границите до 15 јуни. Ограничувањето се однесува на сите патувања на граѓани на трети земји кои не се од суштинско значење, а се применува на надворешните граници на ЕУ опфаќајќи ги и земјите од Шенген зоната кои се надвор од ЕУ (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија).
Комисијата порача дека, без оглед на првичните чекори на државите членки на ЕУ за попуштање на мерките против ширењето на ковид-19, „ситуацијата е и понатаму кревка и во Европа и низ светот“.
Н.С.