Како што дознава ТЕХТ.МК од извори во Центарот за јавно здравје, двајца епидемиолози и една медицинска сестра се позитивни на КОВИД-19.
Заразените медицински работници не оделе на терен, туку работите ги извршувале од канцеларија, работејќи на анкетните листови на сомнителните пациенти.
По ваквата информација сите останати медицински лица од Центарот за јавно здравје се тестирани и нивните тестови се негативни, велат наши извори од ЦЈЗ.
Вечерва стасаа информации и дека се зголемува бројот на заразени медицински лица и во другите болници, а последни се две лица од гинеколошката болница во Чаир.
Сега за сега вкупниот број на заразени лица меѓу здравствените работници е над 20, не сметајќи ги бројките на заразени во приватните болници.
Н.Д.