Починаа двајца пациенти позитивни на КОВИД-19 во изминатото деноноќие. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети, соопшти министерството за здраавство
Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Потврдени се нови 37 случаи на коронавирус во земјава и тоа во Скопје – 8, Куманово – 9, Прилеп – 5, Тетово – 3, Велес – 3, Охрид – 8, Кочани – 1.
Во изминатото деноноќие направени се 314 теста, а вкупно досега 11870 тестирања на коронавирусот. А.Р.