сабота, јули 27, 2024
домаЕден патник задржан во болница, 11 пуштени дома по несреќата вчера во...

Еден патник задржан во болница, 11 пуштени дома по несреќата вчера во Италија

Во врска со вчерашната сообраќајна несреќа во Италија, Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим информира дека по соодветната лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто, 11 патници – македонски државјани, во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома во добра здравствена состојба.
Додека 12-тиот патник, наш државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што во текот на денешниот ден ќе има хируршка интервенција за добиените повреди на нога и рака.
Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.
Во сообраќајната несреќа која се случи на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Северна Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ