Денеска регистрирани се 48 излекувани пациенти од КОВИД-19, од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови, соопшти министеството за здравство.
Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на коронавирус и тоа во Скопје – 11, Прилеп – 9, Велес – 3, по 2 во Тетово и Куманово и еден во Валандово.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1259.
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13000 тестирања на КОВИД -19. А.Р.