петок, декември 20, 2024
домаЖивотЕдна може реагира на (не)можноста самохраните родители да ги остварат своите права...

Една може реагира на (не)можноста самохраните родители да ги остварат своите права од четвртиот сет мерки за справување со КОВИД -19

До редакциата на ТЕХТ.МК стаса реакција од Граѓанска организација за унапредување на правата на родителските семејства – Една може!, а се однесува на четвртиот сет мерки за справување со (Covid -19 ) вонредната состојба, a кои се однесуваат на самохрани родители и еднородителски семејства. Ви ја пренесуваме реакцијата во целост:

„Според Службен Весник од ден  07.12.2020 :

Број 290 7 декември 2020, понеделник година LXXVI

Стр. 6 – Бр. 290 7 декември 2020

5) „Самохран родител е родител кој сам ги врши родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности евидентирани во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, родител на дете за кое остварува право на детски додаток и/или право на додаток за образование заклучно со 27.09.2020 година (во натамошниот текст: „самохрани родителикорисници на финансиска поддршка“). Самохран родител поднесува барање со потребна документација (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на умрени, потврда за исчезнат родител и потврда за привремена спреченост поради лекување, издржување на казна затвор и сл.) во рок од десет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон до надлежниот центар за социјална работа, кој по утврдување на статусот на самохран родител изготвува листа на самохрани родители; “

Може да го користи четвртиот сет мерки што се однесува на сума од 6000 ден од самохрано семејство кое ги исполнува условите.

На ден 14.12.2020, страната на Службен весник од 07.12.2020 беше целосно недостапна за граѓаните.

Основни улови за аплицирање се однесуваат за поднесување на документаци за оваа мерка се:

  • извод од матична книга на родени
  • извод од матична книга на умрени
  • потврда за исчезнат родител
  • потврда за привремена спреченост поради лекување
  • издржување на казна затвор

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА БИЛО КАКОВ ДОКУМЕНТ ОД МАТИЧНА КНИГА (ВЕНЧАНИ, РОДЕНИ, УМРЕНИ) Е ВО ВРЕМЕНСКИ РОК ОД 5 ДО 10 ДЕНА. Ова е мерката за првата неможност за користење на мерката.

Втората неможност се однесува  на условот за примањата од “ јануари-август 2020 година кои оствариле доход во нето износ не поголем од 120.000 денари“
Што поделено по месеци, смеат да ја користат само самохрани родители што остваруваат помалку од  15 000 ден месечно.
Стр. 6 – Бр. 290 7 декември 2020

Овие два услова ја оневозможуваат групата да ја користи оваа мерка.
Проблематиката потекнува од неконсултирање при креирање на самата мерка, со експертската јавност и граѓанскиот сектор кои работи за унапредување на правата на целната група, самохрани родители и еднородителски семејства
Неможноста да се имплементира во пракса оваа мерка алармира на недоволно учество при донесување на одлуки на самата целна група на мерки кои се креирани за неа.
Врз основа на ова единствената ескпертска Граѓанска организација за унапредување на правата на родителските семејства – Една може!
БАРА ИТНО РЕФОРМИРАЊЕ НА МЕРКАТА, СО ТОА ШТО ЈУМЦСР Е НАЈСООДВЕТНО ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ДА ГИ ОБЕЗБЕДИ СИТЕ ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА СЕКОЈА САМОХРАНА МАЈКА ШТО ЌЕ СЕ ПРИЈАВИ, А ВОЕДНО И ДА СЕ ПРОМЕНИ ОСТВАРЕНИОТ ПРИХОД ОД МЕСЕЦ ЈАНУАРИ-АВГУСТ ОД 120.000 ДЕН НА 200.000 ДЕН ЗА ДА ГИ ОПФАТИ СИТЕ ОНИ САМОХРАНИ МАЈКИ КОИ ЗЕМААТ ПОД ПРОСЕЧНА ПЛАТА!

Коментари на нашата оnline платформа од жени-самохрани мајки кои не успеале да аплицираат за оваа мерка, и немање доволно информации за истата, а во однос на неможноста се чуствуваат дискриминирани:

“Bчера во битола во социјалното со уредна документација поима немаат. Ми рекоа неможеме, тука да ве регистрираме.”

“ исто е во Охрид”

“ Исто во карпош во социјалното.”

Сега се слушнав со директорката на еден од локалните ЦСР имаат добиено писмени насоки и се така како што е во овој член. Следува само ако родителот е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено и трајно не ги извршува родителските права и должности (затвор, душевна болница и сл.), родители што остваруваат детски додаток и/или право на додаток за образование до 27.септември. За сите останати, постојат судски постапки за остварување на правата на детето или лични права.

“Мене овие документи ми ги побараа во општина Ѓорче Петров уште летово, во службата, дали треба повторно да се поднесат и каде ?”

“Jас да прашам овие документи дали треба да се поднесат во социјално на општина во која се наоѓате?”

“Жени, јас бев во општинското социјално, ме препратија на рекорд. Чисто информативно.”

“јас вчера бев и ми рекоа дека тоа не одело преку нив….”

“ Ништо не разбрав од гужвите, само рече дека откако ќе излегло во службен весник, после како оние предходните картички, што се регистриравме за купувај домашно, таква ќе била процедурата пак.
јас толку разбрав ”

Сега се јавив ми рекоа дека треба во подрачните единици да се пријави конкретно јас сум од општина Аеродром така ми рекоа во тој ЦСР.”

Јас бев вчера во подрачното, ме препратија на рекорд. Еве се спремам да одам на рекорд, ако ме вратат пак во општинско, ќе немам коментар.

 “Само извод ништо друго? Пример фотокопија од развод? Извод од дете исто не постар од 6 месеци?Гарант сега ќе биде уште 300 пропратни документи и ќе не враќаат по 100 пати.”

“Сега ми се јавија, следи и за разведен родител АМА ако не прима никанва социјална помош и помош за дете  (значи детски, обравовен, социјална помош, итн, за такви не следува) иди па разбери ги, 300 услови за да не дадат “

“Меѓутоа категоријата самохран родител е за разведените под одредени услови. „ Самохран родител“ е родител кој сам ги врши родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности евидентирани во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука“ Под оправдани причини се смета затвор, нервна болница и тн. Не подразбира дека ако не плаќа алиментација иако мајката/таткото сами се грижат за детето.”

“Мене не ми е јасно зашто мора  да се оди личново време на корона, кога може тоа да го направиме електронски. Половина од нас нема да бидат во можност да појдат до социјалното така да верувам дека само 20% ќе ја искористат еднократната помош. “

“Ајде што сме на работа, ама нели не треба да се создаваат гужви, нели само со одредена потреба да се оди по институции. Цело образование го спроведуваат онлајн, е за ова треба лично. Лудница”

“ А од каде ќе најдете доказ дека не сте венчани? “

“Има таков документ кој чини 1050 денари,а кој дотичната во социјалносабајле ми го побара само за да ме откачи.”

“ова за нас е дискриминација, не се воопшто наведени разведените родители.”

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ