среда, декември 18, 2024
домаЖивот Една од најжешките тенисерки остана без пари и се вработи во супермаркет!

 Една од најжешките тенисерки остана без пари и се вработи во супермаркет!

Тенисерките ширум светот останаа „со птазни раце“ откако се прекина сезоната поради пандемијата на вирусот корона, а бидејќи немаат загарантирани примања како и во многу други спортови, многу тенисер(к)и се во неволја.

Една од нив е Наоми Бруди, 499. светски играч што се смета за една од најжешките на ВТА листата.

На слабо рангираните играчи не им останува скоро никаков приход, што влијае врз нивните животи, особено во случај на пандемија и затоа мора да се занимаваат со други работи.

Во случајот со Бруди, таа веќе информираше дека се вработила во супермаркет за да го надмине овој тежок период.

– Тенисот е индивидуален спорт, за да преживееме треба сами да заработиме пари, а тоа ќе го оствариме само ако играме. Ако не можеме да играме, нема да заработиме пари, тоа е едноставно. Гледав како работат супермаркетите, особено во време кога рекоа дека им е потребен персонал, веднаш се пријавив и започнав да работам. Познавам многу играчи од понизок ранг кои навистина не заработуваат многу пари, немаат заштеда и сега започнаа кампања со цел да се обидат да добијат некоја финансиска помош, но јас сум научена сама да си заработувам за живот! “, додаде Бруди.

Тенисерките, исто така, започнаа петиција за собирање финансиска помош, со цел да им помогнат на лицата кои не се лиценцирани во моментов и се најранливи на „белиот спорт“.

Иако ниско рангиран,а Бруди имаше некои сензационални победи во кариерата, така во Окленд ја победи Ана Ивановиќ кога беше на врвот во нејзината кариера.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ