вторник, октомври 22, 2024
домаЕднаш дневно: НЕПРИЈАТЕЛИ!

Еднаш дневно: НЕПРИЈАТЕЛИ!

На оваа Планета чинам има само едни вистински непријатели, богатите моќните кон сиромасите ( не би обратно) и Човекот кон Животните (и тука нема обратно). Сите други “непријателства” ми се чини се измислени.
Првите се непријатели кон вторите затоа што им го загорчуваат животот, ги покоруваат, ги угнетуваат, ги потчинуваат и ги користат сите нивни ресурси до степен на неподнослива болка. И телесна и психичка и физичка. Со разни методи. И затоа што најчесто сиромасите тоа не можат јасно да го препознаат, богатите се поитри, впрочем затоа и се побогати. Во таа игра на сиромасите често им се дава друга слика за”непријателство”, дека нивни најголем непријател не е сиромаштијата, туку нешто друго и некој друг, а не ретко друга нација, друга држава, и потоа од тие теории изртува семе на антагонизам, екстремизам, тероризам, омраза.
А животните? Човекот го уништува и животскиот свет. Животното е беспомошно. Тоа нема инстинкт да те покори, уништи (освен да те нападне ако нема храна, ако е крволочно, а нема друг избор).
За моќните, кажавме веќе – тие систематски ги уништуваат животите на сиромасите, секој ден се повеќе и на разни начини. Затоа што во нив е моќта и механизмите за брзо уништување. А нивните методи и измами се разни и разработени до срж.
Една од најголемите измами која тие ја создале е ривалски /непријателски народи или непријателски држави. Моќниците по своја потреба го вклучуваат црвено светло кога треба да се непријателски, а зелено кога треба да се пријателски.
Во контекст на тоа има една добра анегдота. Изникнало дрво на граница меѓу две земји. Дрвото било криво. Коренот бил во едната држава, плодовите паѓале во другата држава, затоа години се карале и мразеле и постојано докажувале чии треба да се тие малку плодови од дрвото кое пуштило корен во едната, а ги дава плодовите во другата држава.
Кога се пензионирале двајцата адвокати од двете земји кои го воделе случајот, ги пуштиле своите синови, млади адвокати да ја продолжат “битката”. Отишле кај дрвото и кога виделе дека тука има само “проблем за џабе” решиле да не бидат повеќе непријатели и да  го пресечат дрвото.
Го пресекле, вечерта дома на своите татковци им ја соопштиле радосната вест дека проблемот меѓу тие две држави е веќе решен, и тоа многу лесно – за да не создава проблеми понатаму и за да не одат по судови и во недоглед, и за да не бидат непријатели, едноставно го пресекле дрвото.
На тоа, нивните татковци се фатиле за главите – “Леле што направивте? Па и ние знаевме така да го решиме проблемот. Но, тоа дрво не хранеше со децении наназад, сега како ќе печалите така лесно за да живеете убаво како што ние живеевме”, им рекле.
Всушност, ова и не е анегдота. Ова е вистината на богатите, алијас моќните, и нивните вечни игри.
ПАРГО
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ