вторник, октомври 8, 2024
домаЕднаш дневно: ПОТКУП?

Еднаш дневно: ПОТКУП?

Намерно чекав да потстивне темата за силувањата, за да поставам некои прашања, за кои одговорот горе – долу го знам. Сè што е проследено со “поагресивна” кампања, сметам дека не носи резултати на долги патеки. Сè додека нема промена во законот, негово строго спроведување и промена на општествените услови. Дотогаш, сè ќе е на ниво на “муабет за два дена”. А ова е веќе проблем во континуитет, во животот на многу жени.
Ова што сега ќе ви го кажам ве молам земете го како муабет од по кафеани, каде секој кажува што слушнал-недослушнал и не се знае дали е тоа така. Прво, дека на извесен газда на електронски медиум на времето му однеле за блиска средба млада девојка од источниот дел, без искуство, девојчето за време на тој чин се уплашило и во афект го гризнало за половиот орган, му нанела телесен проблем кој морал да го средува на доктор. Но, за тоа дознале уредниците и за да го прикриваат овој случај тој бил уценет долги години да им дава позиции и многу силни плати.
Друг чаршиски муабет вели дека многу познат менаџер сексуално нападнал многу позната водителка, од чија појава тогаш бил заведен, па наводно ѝ платил добро за да не кажува, за да не му го руши она реноме кое го ужива.
Третиот, од многуте чаршиски муабети, вели дека наводно пејачка за време на политичка кампања имала слична ситуација, па за да не настане брука челните луѓе од извесна партија ја поткупиле со голема сума, и средување на некои битни егзистенцијални прашања.
Четвртиот, дека сопственик на спортски клуб ѝ се нафрлил на спортистка, која понатаму за добра пара, не го открила случајот.
Петтиот, млада мома од помал град која го продавала телото, за телесен контакт со свој виден сограѓанин тој ѝ донел уште двајца другари и таа не можејќи да го издржи напорот морала да побара лекарска интервенција, за на крај кога информацијата протекла во јавност, за да не се дознае за ова кривично дело тој  морал да се разведе од сопругата, и да ја ожени на одреден период љубовницата, и, се разбира, бидејќи бил во состојба, да не ѝ дозволи преудобен “џетсетерски” живот.
Шестиот, жена телесно нападната за време на конфликтот, без понатамошна соодветна поддршка од партијата.
Сега се враќаме на реален муабет. Што ако овие шпекулации и не се баш измислици туку се вистина? Во тој случај што би откриле тие? Би откриле дека кај нас за одредена сума, за делото би се молчело и молчело, и не би се проговорило под ниеден услов.
Оние мажи кои во одредена прилика телесно обљубуваат жена, а спаѓаат во нормални (без тешки психички нарушувања) мора да се на некоја добра општествена позиција, од каде со пари и врски може да ја среди секоја работа. Инаку, не би се осмелил.
Да земеме предвид и тоа колку се јаки политичките партии и нивното влијание. Особено врз нивните приврзаници и симпатизери. Па, ако нешто слично се случи во нивните редови многу лесно со обезбедување на добро работнo место и добра плата да се замолчи жртвата. Па, дури и со обична закана.
Или, доколку се случи на работно место, најчесто е тоа врз некоја понезаштитена жена која за да си го задржи работното место, ќе молчи и без да ѝ се каже.
Да не зборуваме за оние моменти кога секоја жена би молчела со цел да не си ја расипе  врската или бракот. Има многу мажи кои нема да можат да преминат преку тоа дека друг маж му ја обљубувал жената. Што ќе речат нејзините деца, што ќе речат родителите, роднините, пријателите, околината? И ред други последици.
Дури и откривањето јавно во медиум може понатаму да ѝ направи проблем, игнорирање или одбегнување на жртвата. Има многу многу причини да се молчи за силување, вклучително и заканите и потокот, особено во ваква средина каде сепак доминираат мажите.
Можеби ќе треба самите жени на одлучувачки позиции да иницираат некое тело или служба, која професионално ќе е задолжена за откривање на вакви случаи, давање помош и поддршка, зошто жена која е зависна од мажите, за плата, позиција или чест, сигурно нема да открие за било кое силување, за да си докомплицира, па и тоа малку удопство да го замени со бркање од работа и останување и без основните услови за живот… Со темата, продолжуваме и понатаму.
ПАРГО
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ