вторник, јули 16, 2024
домаЕДНАШ НЕДЕЛНО: Естрадна магла!

ЕДНАШ НЕДЕЛНО: Естрадна магла!

Можеби би било добро заедно да се позанимаваме со терминологијата, да разграничиме некои поими, кои не се доволно објаснети, а во реалност знаат да направат забуна, збрка и хаос. 
Да се занимаваш со музика, на било кој начин, дали професионално или како хоби, значи дека ти си музичар. И доколку живееш и егзистираш само од тоа, на свој начин и со механизмите на  пазарот на труд, се вели дека музиката е твојот животен позив и професија. 
Но, која е логиката доколку  работиш како вработен музичар во Филхармонија, државни оркестри, хорови, МОБ, училишта како професор, да се нарекуваш естраден уметник, и протестираш во име на тоа, кога на некој начин веќе си профилира како си државен уметник? И професионалец во една фела. 
Тоа што одржуваш свирки после работно време не значи дека “естрадата” ти е примарна дејност, ни професија, може само да ти е хоби, исто ко да работиш плочкар, пекар, столар, писател или било што друго. Приватното време, после оние 8 часа во кои ти рече стаж и земаш плата, на тебе е како ќе си го потрошиш. 
Тоа се однесува и на личности кои имаат работа во администрација или приватна фирма, каде одат на работа 8 часа дневно извршуваат некоја професија и им рече стаж. 
А доколку сакаш да се декларираш како естраден уметник, тоа значи дека целосно треба да си посветен на таа професија и  по работни задачи и по обезбедување на својата егзистенција, остварена на естрада. Не како хоби. како примарна професија и дејност.
Можеби е сега време да се осврнеме на ова класифицкација, сега кога голем дел од естрадата се жали дека нема финансии да опстане, затоа што стопирани се нивните настапи, а еве веќе повеќе од година нејзините протести се безуспешни. А тие  самите се фрлени на маргините. 
Би сакала да ја поздравам нивната идеја за протестот, сум пишувала со години за нивните проблеми, сум се борела си перо за нив и нивните права, сега е  ред  самите да се заложат за себе. . 
Но, да се има на ум, нешто што е во стилот – има акција, а не вродува со плод, фактички нема акција.
Затоа што, очигледно, оние кои ги застапуваат не припаѓаат баш по професија на таа естрадна фела, не се исти како нив. И се создава една магла, не знаеш кој е кој и кој е што. 
За жал, тоа наидува и на презир кај јавноста и на куп навредливи и негативни коментари по социјалните мрежи. 
За естрадните уметници да се изборат за своите права, треба да си разграничат кој е кој , кој е што, да си изберат достојни преставници за протестот, кои живеат исклучиво од такви настапи, и така ќе  си ја зајакнат битката како што треба. 
Не од редот на оние кои се вработени, а естрадната дејност им е хоби, или дополнителен извор на пари, или имаат проекти, фестивали, манифестации и слично, и на кои месечно им легнуваат по 30.000-40.000 (па и повеќе ) редовни приходи, па оттука тие може да бидат само “за парада ” и не до крај заинтересирани и вложени во битката, или (невидливи) контролори на ситуацијата, а вистинските естрадни уметници се избезумени во таа “естрадни на магла” и ен знаат на кого да се потпрат. Овие две категории на занимавачи со музика, не сте исто. А предводник на (здружение на) естрадна фела, кога станува збор за обезбедување на финансии за живот, може и мора да биде некој кој исклучиво се занимава и живее од тоа. 
А новинарите што и да напишат сега во оваа ситуација нема таква сила каква што би имала нивна конкретна и координирана битка.
Затоа, сега естрадните уметници со јасен и прочистен концепт и јасни предводници во своите редови, тие се на потег!
ПАРГО
 
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ