среда, јули 24, 2024
домаЕднаш неделно: ГОТВЕЊЕ

Еднаш неделно: ГОТВЕЊЕ

Жените готват речиси секојдневно, а пак мажите ги бие глас дека се далеку подобри готвачи. “Маж кога ќе зготви, зготвено е” најчесто може да се слушне како констатација, па и титулата “Шеф на готвење” најчесто ја носат поголем број на мажи.

Дури сега, откако и јас почнав интензивно да готвам, ја сфатив логиката на ова тврдење. Имено, тоа е така затоа што мажите готват поретко, од ќејф, и со поголемо внимание, со сите салтанати. Кога би готвеле секојдневно и би им било рутина, како што им е на жените, би им здодеало и можеби ќе “забошотуваат” при готвење. И можеби често би им загорувала манџата.

На жената како да и е судена таа улога, ама и таа како да си ја посакува. За да се докаже дека ја бидува во домаќинлукот, јадењето го прави домаќинката.

Добро, мене малку ми е дегутантно да ги фотографирам “пајнците” (ресенски збор за чинии) и тенџерињата со компири, ориз, лук, и кромид, и да ги изложувам на фејсбук, но можам да заклучам дека ниедна жена не смее да се пожали дека готвењето е некоја тешка или специјална работа, и дека не може да ја изведе.

Нема полесно, а и не одзема време, како што тоа најчесто така ни го претставувале активните готвачки. Денес, се имаме на располагање, во продавница можеш да купиш буквално се- сите состојки, зачини, само сечкаш, ситниш, редиш, ставаш, се на се половина час, а, потоа, вариш, печиш, односно, работата си ја завршува шпоретот и/ли рерната.
И, јадењето е мјам.

ПАРГО

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ