вторник, октомври 22, 2024
домаЕДНАШ НЕДЕЛНО: Хуманизам на уметници!

ЕДНАШ НЕДЕЛНО: Хуманизам на уметници!

Јавните и сценските личности, имаат доживотна обврска да промовираат и се борат за хуманизам, праведност, вредности, првенствено за сето тоа, а не за финансии и профит. Народот и државата преку свои стручни оценки ќе ги награди во нивната професија колку што ќе почувствува дека треба, но тие не смеат да ја заборават да ја оправдуваат својата популарност и јавен имиџ со залагање за чесни и правилни нешта!

Без оглед колку и како е популарен и дали популарноста поминала, обврската останува! Да се потсетиме на бројни некогашни ѕвезди и легенди, кои во очите на народот се сѐ уште ѕвезди… (дури и кога многу од нив ги нема) . 

Да се биде популарен и ѕвезда кај нас не е исто што и да се биде популарен и ѕвезда во светот. Кај нас иако имаме многу медиумски ѕвезди, ама, сценски, концертни и музички имаме многу малку.,кои азаработуваат пари исклучиво од музика, кои живеат добро од тоа, кои се издвојуваат од другите на финансиски план, и кои даруваат. Но, за тоа треба многу многу хитови, концерти, турнеи, продадени носачи на звук. А такви ѕвезди  немаме, со исклучок на неколку активни музичари кои се бројат на прсти, а главно нивната музика или работа е низ регионот и пошироко. 
ЅВЕЗДА од типот на Павароти, некако како да недостасува во новово време. Тој импозантен лик, направи своја фондација и ја финансираше од продажба на билети од своите бројни концерти, од продажба на носачи на звук, од заработка преку својот имиџ, што ќе рече-целосно од својот труд и талент. Нешто слично беше и со славните трите тенори, во кои покрај Павароти тука беа и Доминго и Карерас. 

Павароти дури од сопствени средства обучуваше и млади музички таленти од цел свет. Фондација има и Елтон Џон која се занимава со подигнување на свеста и заштите од аидс, има и фондација со името на Џон Ленон која вложува во млади музичари, формирана од неговата сопруга Јоно Око во 1997 година во соработка со БМИ Фондацијата.
А нешто пред тоа, во 1984 година хуманитарното дело на Елвис Присли продолжи преку Фондацијата за Хуманитарност- EPCF. Фондацијата на некогаш славната двојка “Џоли и Пит” по своите активности е позната во цел свет, потоа и онаа на Опра Винфри, вечната Тина Тарнер поддржува две фондации Caudwell Children и United Service Organization.

Ако отворите на гугл ќе прочитате дека Фондацијата Селин Дион е основана од поп дивата и нејзиниот сопруг и менаџер  Рене Анжели во 1998 година со цел да и се врати на заедницата. Финансирана главно од големи настани, фондацијата собрала и донирала речиси 11 милиони долари на различни добротворни и организации низ годините
Вртоглави суми!
Кај нас сѐ уште не е возможно популарните да преживеат од својата дејност, да заработаат за себе, не камоли да донираат и вложуваат свои средства.  Сѐ што може да дадат уметниците од себе е по некој настап хуманитарно, сѐ друго се наплаќа. Пардон и по некоја уметничка  слика, баш денес слушнав за таков неодамнешен гест од двајца наши ликовни уметници и пријатно се изненадив…
Кај нас, многу често кога ѕвездите прават нешто под префиксот хуманитарно, постои општо сомневање и недоверба кон тоа и се раѓаат претпоставки дека само добро си ја наплатиле својата популарност. А популарност им ја донеле само медиумите. И оттука, за разлика од странските ѕвезди кои за своите хуманитарни гестови се одговорни само кон себе си и својата добра волја колку ќе издвојат од своите средства, кај нас хуманитарните ѕвезди се подеднакво одговорни и кон публика и кон медиумите и новинарите, кои ги направиле познато име и тоа што се денес. 
Изградена доверба на јавноста кон нив значи и укажана доверба на новинарот кој имал сенс да пишува за вистинска личност. Урната доверба кон нив значи и недоверба и кон новинарот кој го градел името на некој уметник или изведувач. 
Популарните мора многу да внимаваат во што се впуштаат и како тоа ќе биде протолкувано во јавност. Секој нивни чекор и секој нивни гест, дарежливост, збор, сѐ се следи, сѐ се мери и еден ден мора да излезе на виделина. Тој ден, или ќе ја осветли нивната аура доколку е вредна за тоа, или ќе им ја дозгасне, доколку својата медиумска популарност ја “трампале” за профит, а не за вистински искрени дела.
ПАРГО
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ