вторник, јули 16, 2024
домаЕднаш неделно: НЕ, НЕМОЈ!

Еднаш неделно: НЕ, НЕМОЈ!

Силните и различни реакции по објавата на животната исповед на белградската актерка и неколку други, дека професорот по глума во неговото училиште ги силувал во повеќе наврати, отвораат прашања на повеќе нивоа.
Од морето коментари кои може да се прочитаат го издвојувам дека многу актерки од Холивуд кои проговориле за исто или слично сведоштво, можеби своевремено се согласувале со чинот но не им се оствариле конечните планови, да ги лансираат во ѕвезди, па сега работите ги земаат во свои раце, и на ваков начин си обезбедуваат слава и популарност и му се одмаздуваат на професорот (што не е исклучено).
Без да одам во другите можни опции, ќе се осврнам на оваа, како новинар кој долги децении работи (и) на естрада, сцена.
Сценските уметности (при вежбање у практикување) многу лесно може да создадат ситуации за блиски средби и во нив да западнеш без да бидеш свесен. Лесно се бришат ” границите” меѓу двајца и повеќемина. Границите на дозволеното и вкусното, пристојното, етичкото.
Поминуваш заедно доста време насамо, снимаш во студио, вежбаш на сцена, се пресоблекуваш во соблекувална. Се надеваш на слава. Славата има голема привлечна моќ. А, за да бидеш лансиран(а), треба да те повлече нечија рака од тој свет и да те издигне нагоре. Затоа, не ретко отпосле ќе прочитаме менаџер, композитор, актер, режисер, инструктор по спорт, ги уценувал своите ѕвезди. Таа уцена може да настане и спонтано.
Талентираната девојка или момче е лесен плен. Со него може лесно да се изманипулира од страна на мрежата од која зависи.
Но, има и случај кога понатаму ѕвездата таа ситуација може да ја употреби или злоупотреби, како и одговара.
На пример, за илустрација, еднаш разговарав со адвокат на оваа тема и ми рече дека во прилика кога се одвиваат оние “блиски телесни игри”, доволно е да речеш ” не, немој” (а да уживаш во чинот), а потоа еден ден тоа да го употребиш како неодобрување и насилство.
Со едно “не” од две букви, се менува се.
Но, еве не пак назад и го обработуваме “моментумот” кој сега не интересира.
Рековме, заедно вежбаш, тренираш, подготвуваш уметнички или сценски перформанс, патуваш, водиш ноќен живот, бркаш кариера и тоа е дел од таа работа.
Еднаш присуствував на обука за млади актери. По само неполни два часа проби, во една сцена секој требаше да застане спроти друг да му изговори “те сакам” и да се бакне. Беше оставено секој сам да си одлучи дали ќе оди до таму, да го бакне тој/ таа спроти себе, било да е машко или женско.
Ти си опуштен. Фина е играта, те понесува. Еднаш штом пробаш, втор пат е лесно, трет пат посакуваш, четврти пат е навика, петти пат – ти веќе не можеш без тоа. Станува дел од тебе.
Во јавноста кружат многу, многу приказни за “уценети” врски на пејачки и актерки од сопственици на медиуми, уредници, режисери, композитори, автори, менаџери, бизнисмени, политичари, инспектори, да не набројувам. И прашање на време е кога тие ќе проговорат.
Сме слушнале, читале вистина или шпекулации за врска на “славен” композитор и некогаш млада талентка. Сме слушнале доста.
Еден од најгрозните “муабети” кои ги имам јас слушнато и прв пат го “чепнувам” е за пејачка која од мала на таков “ланец” била држена од својот близок роднина. Замислете… Не одам понатаму во детали. Ако некогаш таа проговори нему ќе му отиде “златната музичка кариера”, а и неа многу од нештата. Само треба на девојката да и се одврзе јазикот, да се охрабри, па што биде нека биде. Се разбира ако е точно. Ако е точно тоа ќе тлее и беснее во неа, во нејзината душа. Се до пресвртниот миг, кога ќе каже.
Но, тоа нема да смени ништо. Освен медиумска галама. Нема да смени се додека не се направи систем во кој тие уценети девојки и жртви нема да се плашат да го пријават оној кој (пробал) ја искористил. Во кој уценувачот или насилникот ќе се плаши да припари до одреден талент за таа намена, не па да го одржи во раце.
Да се направи систем во кој безбедносните служби ќе го имаат главниот збор. А не жртвата ако пријави на крај да заврши во нивни раце, или подобро речено кревет. Во “настрвените” раце на безбедњакот.
И женската солидарност е неопходна. Зошто, ова знае да им се случува и на многу (млади) жени во сите професии, и работни места, во ресторан, кафуле, фабрика, администрација, политика. Зошто, жените ги принудуваат условите тоа да го направат, прифатат и премолчат. Не само од желба за слава и од обид за преживување. Немаштија. Безизлезност.
Мора да им се создаде слобода на оние кои доаѓаат.
Многу од ова досега беше мошне труло, безбедносниот и правниот систем на секое ниво до секој еден човек, мора да биде поставен на максимално здрави темели и столбови.
ПАРГО
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ