вторник, јули 16, 2024
домаКолумни НовоЕднаш неделно: СЛАТКОРЕЧИВОСТ! 

Еднаш неделно: СЛАТКОРЕЧИВОСТ! 

Убавите зборови го красат светот. Тие се израз/одраз на убавина. И треба да се кажуваат во секоја потребна прилика. Тоа го нарекуваат слаткоречивост.
Дали е добра карактеристика? Секако. Ајде сепак да ја проанализираме накратко.
Слаткореливите луѓе се обично омилени во друштво. Нивните убави зборови шират позитивна атмосфера и секому му годат. И убаво е да се слушаат.
Но, дали СЛАТКОРЕЧИВОСТ значи и кажување на вистина? Апсолутно не. Таа особина се припишува на добрите луѓе, навидум, но од друга страна повеќе ја практикуваат оние себичните и најсебитните, кои сакаат со таа “наметка” да се маскираат во добродушни и да бидат омилени, и така да ги купуваат луѓето и нивните симпатии. За да можат на еден мирен начин да си ги остварат своите цели. И да стекнат некој авторитет кои главно ќе поверуваат наивни или неискусни луѓе, или оние кое не може да ја проценат суштината.
Слаткоречивите се опасни/ци, штетници, во најголем број случаи. Анализирајте ги нивните зборови. И споредете ги со нивните дела. Дали е тоа истата личност? Најчесто не- едно кажува и фали, а друго прави и расипува.
Низ добрите зборови умеат да го протнат лошиот збор, низ розите да го протнат својот трн. Кој ќе боцне. Нафрлат шилци. Неосетно. На пример:
-Срце е тој човек, многу го обожавам, одличен е како угостител, мене ми е многу голем пријател, има убав ресторан, многу убави јадења подготвува, и многу ми е близок одамна, но јас сепак не би го одбрала неговиот ресторан, малку е скапичок, а и не му се свежи салатите (да речеме, кога во случај прави да се одбегне нечиј ресторан, па дури и да не е скап како што кажува).
Или:
-Ја знам таа девојка многу добро, заедно пораснавме, многу е убава, паметна и љубезна, сум спиела кај неа, спиеше кај мене, и ден денес сме најдобри пријателки, се почитуваме, се слушаме телефонски, најубавите подароци од неа ги добивав и многу ми помогнала. За неа секогаш се најубаво би кажала. Но, имам чувство како тајно да флертува со туѓи партнери. (доколку сака да ја оддалечи некоја личност од некого ).
Кај нив секогаш на крај од нештата има едно додадено “но!”
Слаткоречивите најчесто не ја кажуваат вистината, тие се пресметани личности. Нели?
Јас не се двоумам, максимално прифаќам макар и поостра критика ако е основана, отколку мека и топла слаткоречивост,ако е неоснована. А Вие?
ПАРГО

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ