вторник, октомври 22, 2024
домаКолумниЕднаш неделно: ТРИУМФАЛНА

Еднаш неделно: ТРИУМФАЛНА

Мене ми е лузерска. Од прв момент. Сум поминала одлични моменти, конференции, дружби, поетски читања, ама сепак ми е лузерска.
Затоа што : под неа главно поминуваа луѓе, загрижени луѓе, со неплатени сметки, дадени на извршители, со свои проблеми, со несреден живот, без работа, без пари, без добро здравје, млади без младост, стари без старост.
Од неа испраќавме млади генерации со дипломи во борба за преживување во странство.
Неа ја шаравме.
А што е Портата виновна? Што е виновна  што не е Триумфална, ами е лузерска? Поради нас! Не поради неа.
Јас сепак не би ја рушела. И не би потрошила 800.000 евра за шут и отпад. Што се изградило нека се искористи, би сугерирала до Град Скопје, кога не прашува нас граѓаните што мислиме за Европско Скопје, Скопје од иднината.
 Како? Би ја симнала онаа безначајна  фасада од некоја бела пластика (не сум стручњак за стиропор) би ја направила сета во стакло, од кое од ввнатре да се гледа нанадвор само. Би направила два ресторани, во салата што ја има, и над неа – отворен, на покрив. Каде што се лифтовите сега би направила мали сепариња за млади заљубени луѓе, кои фатени за рака ќе го набљудуваат Скопје, а лифтови би поставила од внатрешниот дел .
Или. Или пак, сета би ја направила уметничка галерија.
И од лузерска, навистина  би ја претворила во Триумфална.
ПАРГО
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ