недела, декември 22, 2024
домаНеаЕко Приказни: Боса и Гола! 

Еко Приказни: Боса и Гола! 

Пишува: Валентина Ѓоргиевска Парго
За да ја доживееш целосно Планетата од која си дел најдобро ќе го сториш ако сосема слободно гол/а и бос/а прошеташ на некој отворен простор, односно со раширени раце потрчаш наоколу. Како што тоа го прават дечињата. Сте забележале, тогаш тие се најрадосни, зар не? Затоа што на тој начин ја чувствуваат силната прегратка на Природата. Слободно се разменува енергијата која ни е потребна, која е животворна и од која сме дел.
И за возрасен човек тоа важи, и за човек над 100 години. Па и со повеќе од 100 години. За секого. Гол и бос се случуваат најубавите работи. Ќе ми потврдите?
Дури, и нека не ве зачудува зошто се случува личност која има психички тешкотии да се соблекува, бесрамно и пред луѓе, за да и/му олесне. Тие во својата несвесна состојба се најконкретен “пример” што говори телото, кога не е вклучен мозокот. Тоа си ја бара природната средина.
Слободата е најголема енергетска корелацијата со природата, од каде се црпи најубавата енергија од нејзиното височество, таа Вечна убавица, како што вели и првиот стих од нашата убава македонска песна “Ој природно вечна убавице”.
Уште како најмал инстинктивно ја добиваш главната лекција во животот (љубовта кон природата и кон слободата), за која понатаму ќе свртиш еден голем животен круг, за повторно да се вратиш на истото /првобитното сознание, но сега со искуство во него. Со круг исполнет како мозаик со мали парчиња.
Секое суштество, на оваа Планета, родено е да живее, да го осознае животот, да го почувствува со сета лепеза на чувства, со сите негови волшепства и убавини, но и горчини и болки, и да бара и најде начин како да си го олесни истиот.
Природата, низ еволуција, одредила луѓето да се најсовршена креација во живиот свет, и им дала и душа но и ум за да може да го користат, во комбинација со својата физичко-телесна сила. Чуда да прават.
Тоа значи, да се во можност да умеат да се заштитат многу повеќе од сиот друг животински свет. Да бидат порадосни и подолговечни. Да ги заобиколуваат опасностите кои се составен дел од
Планетата, која се уште се стабилизира и не е смирена низ целото  свое пространство. Истата онаа Планета за која научните сознанија велат дека била вжештена маса, и малку по малку трпеливо низ милениуми се оладувала и се создало ова што го гледаме /имаме денес.
Нејзиното стабилизирање се уште трае, се уште Земјата се движи во своите слоеви внатре, затоа се уште има и земјотреси, катаклизми, тектонски поместувања, топења на мраз, ерупции, вулкани, цунами, потреси.
Се е подредено на некое смирување кое треба некогаш да се случи, а дотогаш човекот треба да се брани од потенцијалните природни непогоди. Знае како, а сега веќе, во новиов век, има и начин и средства.
Но дали е така  Сведоци сме дека наместо да се вклопи паметно во климатските промени и во смирувањето, човекот уште толку ја разбранува природата и  предизвикува атмосферски и климатски дисбаланс, Црна дупка и се друго од тој тип, најштетно за него самиот. Го загадува најосновното – воздухот, ги загадува и ги троши нагло сите најнеопходни природни ресурси, прави атомски и нуклеарни експлозии, го распарува морето, океаните, земјата, планините, прави вештачки акумулации и езера, а ги празни природните… Прави фатални експерименти поради кои е доведено во прашање и неговата иднина и опстојување.
Човештвото сето тоа го прави на насилен начин, пребрзо и не може да ги следи ни самата Планета, која признава само еволуција. ЕВОЛУЦИЈА.
Да не би брзал во својот развој, би требало да живее подалеку од океани, мориња, за да не настрада од плима, од цунами, подалеку од трусни подрачја, би требало да гради стабилни куќи од полесен материјал на еден кат до два, за да не настрада во земјотреси, да се наследува подалеку од вулкани, од разбирливи причини. Но тој е тврдоглав и си тера по свое.
Многу работи “решил” на погрешен начин и затоа бумерангот потоа гаѓа прво кон него. Првенствено, не треба да ја оштетува природата, а ни да се прехранува со производи од животинско потекло. Така би ги избегнал и најголем број од болестите. Видовме што направи од цела планета само еден лилјак ( ако решиме да се потпреме на тоа што го кажуваат медиумите оваа година, 2020).
Се разбира дека сево ова што го споменувам не е нешто на кое сите ние ќе останеме со подзинати усти, вчудоневидени и возбудени. Нам секој ден потсвеста ни се врти околу оваа тема, а свесно не правиме ништо. Затоа, решив да почнам со едно потсетување преку низа текстови, за кои следниот уште сега знам ќе биде “Моќта на животните”. Деновиве…Мора одново и одново да се потсетуваме на она на кое сме заборавиле, или сме го искривиле.
Човекот внесува правила кои се против неговата природа, а ги крши правилата кои се во полза на неговото суштествување. И, сега е во неволја.
Но, ајде да почнеме од почеток:
-За да ја доживееш целосно Планетата од која си дел најдобро ќе го сториш ако сосема слободно прошеташ гол и бол со раширени раце и да потрчаш наоколу…
Текстот е дел од проектот ЕКО Едукација за новинари“, поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање 
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ