петок, декември 20, 2024
домаЖивотЕко приказни: Моќта на животните (прв дел)

Еко приказни: Моќта на животните (прв дел)

Валетина Ѓоргиевска Парго

Дали може да ја замислите оваа Планета со присуство само на човекот и без ниту едно животно? Затворете ги очите и пробајте да го визуелизирате сето тоа барем на пола минута. Како ви изгледа? Сакате ли веднаш да се вратите во Планетата со животните? Одговорот го знам.
Планетата е совршена со животните. И тие и ја прават толку совршена. Нивниот живот, преживување и местото на кое се наоѓаат се толку прецизно поставено, што не нарушуваат ниеден ланец на природата. Инстинктот на преживување некои видови животни ги прави крволочни и се прехрануваат со други видови животни.
Природата поставила да човекот е единствениот вид на постоење кој не мора да се прехранува со животни, неговиот инстинкт за хранење се задоволува со јадење на плодови од земјоделието. Но, тој самиот си ја изменил својата лична природа, додавајќи на своето мени и производи од животинско потекло, месо и риби.
Но, се на се, животните не се опасност за човекот, човекот пак знае да е опасност за нив.
Но, ајде да почнеме да зборуваме за нивната благотворна моќ. Животните имаат голема делотворна и благотворно моќ. А да не нагласувам и каков “украс” се.
Човекот е (навидум) поразличен од останатиот свет но сепак не е изолирана појава, тој мора да е во ко-хабитација со целиот животински свет. Одамна тоа го сфатил и се користел со можностите што му ги пружа останатиот животински свет, уште од неговото пештерско живеење вклучил животни за да си го подобри начинот на преживување а потоа и производство на храна и транспорт.
Тоа, со други зборови, значи дека сепак ги покорил и заробил. Ги тренирал и го извлекува најдоброто од нив за себе. Животните несебично се вклопувале во животот на луѓето. Факт е дека тие многу побрзо го засакуваат човекот и му служат, отколку тој нив и во таа природна корелација има е многу примери.

Така на пример не е чудно ако некој човек живее во Австралија и знае вештини како да се справува со крокодили а и тие со него, ако е во Индија да научи да “комуницира” со слонови, а и тие со него. Ако е во Африка, да научи да се справи со опасност од лавови, ако е во Европа да умее со мечки или волци…во зависност кои животни живеат околу него. А, децата од мали најмногу им се радуваат на животните, собираат и албуми со сликички.
Природата создава врска на се живо што е во неа и тоа што може да го користи, но потценување на интелегенцијата на животните е неблагородно и возвратено опасно за самиот човек. Угнетувањето на животните од една и дружбата со нив од друга страна, е заедничка нивна карактеристика.
Дека не сме светови за себе, и дека никој друг не ни е потребен, говори и фактот што велиме дека “чумата на 2020” потекна од животно. Еден возвратен удар од светот животните. Затоа да не ги тргаме на страна животните, односно живиот свет на земјата,  во водата и во воздухот.
Генералното еко концепт на светот всушност во себе го вклучува првенствено начинот на живеење и функционирање на животинскиот свет, тоа е неговата основа, за која ќе продолжиме во следниот текст од овој серијал, деновиве.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ