понеделник, јуни 17, 2024
домаНасловнаЕксплозијата во Бејрут 20 пати посилна од „мајката на сите бомби“

Експлозијата во Бејрут 20 пати посилна од „мајката на сите бомби“

Откако видеата од експлозијата во Бејрут започнаа да се шират на Интернет, почнаа да се шират шпекулации дека експлодирала атомска бомба. Главната причина за ваквото теоретизирање беше појавата на „печурка“, облак од чад типичен за експлозиите на ваквите бомби.

Потрезвените глави веднаш ги негираа овие тврдења. Така, Мартин Фајфер, докторант на Универзитетот во Ново Мексико, објасни за „Бизнис инсајдер“ дека „очигледно не се работи за нуклеарна бомба, туку дека пожарот довел до детонирање на хемикалии или експлозивен материјал“.

– Експлозијата немаше два основни фактори присутни во нуклеарната детонација – заслепувачко влијание на бело светло и термички пулс, т.е. топлотен шок што би предизвикало пожари во широк радиус и сериозно ќе ја изгори кожата на луѓето – тврди тој, а пренесе „Јутарњи лист“.

Експлозијата предизвика силен шок-бран што ги искрши прозорците на оддалеченост од 10 километри и беше накратко видлива како бел облак кој брзо се шири, што често може да се види на стари снимки од експлозии на атомски бомби. Сепак, Фајфер изјави дека таков шок-бран, познат како „ Вилсонов облак“, не е специфичен само за нуклеарните бомби.

Според германскиот научен центар ГФЗ, пренесува АП, експлозијата во Бејрут била еквивалентна на земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала. Амониум нитрат, хемикалијата која веројатно експлодирала, е многу нестабилен производ кој има околу 40 проценти од јачината на ТНТ, кога се споредуваат еднакви тежини.

Првите пресметки на научниците од МИТ укажуваат дека експлозијата од 2,7 тони амониум нитрат предизвикал удар кој бил околу 20 пати посилен од американската „мајка на сите бомби“ (МОАБ), најсилното конвенционално оружје во нивниот арсенал.

„Малото момче“, атомска бомба исфрлена од Американците на Хирошима во 1945 година, имала сила еквивалентна на 13 и 18 килотони ТНТ, во зависност од изворот.

Уште посилна беше атомската бомба наречена „Дебелиот човек“ која беше фрлена врз Нагасаки – околу 20 килотони.

Уште една голема експлозија е забележана во историјата, нешто посилна од експлозијата во Бејрут. Станува збор за настан од 1917 година во пристаништето Халифакс во Канада, каде се судри француски брод со 2,9 килограми експлозив и белгиски спасувачки брод. Избувнал пожар на француски брод, кој пожарникарите се обиделе да го изгаснат. Пламените стигнале до товарот и создадена е експлозија од 2,9 килотони, пишува „Нешенал пост“.

Патем, една од најпознатите експлозии како оваа во Бејрут се случи во 1947 година во американскиот град Тексас Сити во заливот Галвестон и се смета дека е една од најголемите не-нуклеарни експлозии во историјата.

Тогаш, поради пожарот што избувнал на францускиот брод „СС Грандшамп“, кој бил закотвен во пристаништето, експлодирал нејзиниот товар од околу 2300 тони амониум нитрат. Ова пак, предизвикало пожари и експлозии на други бродови и во складишта со нафта, а крајниот биланс бил најмалку 580 мртви. Преживеал само еден член на противпожарната бригада на Тексас Сити.  А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ