недела, декември 22, 2024
домаЖивотЖивотна срединаЕкстремни временски услови: Последните три години во светот рекордно топли

Екстремни временски услови: Последните три години во светот рекордно топли

Последните три години биле најтоплите откако се вршат мерења, а топлотните бранови во Австралија, необичната топлина во Арктикот и недостатокот на вода во Кејптаун укажуваат на продолжување на екстремни временски услови во 2018 година, беше соопштено е од ОН.

Светската метеоролошка организација, која работи под покровителство на ОН, соопшти дека 2017 година беше досега најскапата во однос на штетата што ја предизвикаа временските и климатските проблеми, како што се атланските урагани и монсунските поплави во Индија.

„2018 година започна каде што заврши 2017 година – со екстремно време кое одзема животи и уништува имот“, се вели во годишниот извештај.

Студијата потврди дека 2016 била најжешката од почетокот на водењето на евиденцијата во 19 век, додека 2017 и 2015 година се изедначени на второ место. СМО наведува дека емисијата на штетни гасови како последица на човековата активност е главниот фактор кој придонесува за оваа ситуација.

Ако се исклучи ефектот на природниот феномен Ел Нињо во Пацификот, минатата година беше најжешката. Бранот укажа на контрастот помеѓу невообичаено високата температура на Арктикот во 2018 година и бурните зими во Европа и Северна Америка.

Во извештајот се наведува дека германската осигурителна компанија „Минхен Ре“ проценила дека временските услови во 2017 година предизвикале загуба од 320 милијарди долари, што е рекорд кога ќе се пресмета инфлацијата.

Речиси 200 земји се договорија во 2015 година, во рамките на Парискиот договор, да ја намалат употребата на фосилни горива во глобалната економија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ