Витаминот Е е одговорен за добрата состојба на кожата и е одличен борец против фините линии кои обично се јавуваат по 40-годишна возраст. Неговите својства се помалку познати, но тоа е всушност основната состојка кај повеќето козметички препарати и креми против брчки.
-Витаминот Е е како лепак што држи сè заедно – вели Денди Елгеман, британски дерматолог.
Кремите со оваа состојка се многу ефикасни и имаат многу придобивки за кожата. Истражувањата покажаа дека изложеноста на сонце го намалува процентот на витамин Е во кожата за 50 проценти, па затоа е многу важно да се надомести.
Помага да се задржи кожата хидрирана, што значи побавно стареење и успешна борба против воспалителните процеси. Студијата исто така откри дека употребата на витамин Е ги намалува симптомите на атопичен дерматитис, кој се карактеризира со сува, црвена и испукана кожа.
Покрај тоа, го подобрува имунолошкиот систем, се бори против ракот, дијабетесот и го штити срцето од кардиоваскуларни заболувања.
Доволна доза во телото може да обезбедите и преку одредена храна. Еве каде го има витаминот Е најмногу:
Спанаќ – Зелениот лиснат зеленчук како спанаќот е богат извор на витамин Е и многу други антиоксиданси.
Зачини – Билки како сушен босилек или оригано се богат извор на витамин Е. Додадете ги овие зачини во вашиот оброк и вашето тело ќе ви биде благодарно.
Кикирики – Тоа е богат извор на токоферол, моќен и растворлив антиоксиданс витамин Е кој ги регулира мембраните на клетките во жлездите, а исто така ја штити кожата од штетни слободни радикали.
Бадеми и фстаци – Исто како кикиритки, тие се богати со атиоксиданси кои се неопходни за организмот.
Брокула – Овој зелен зеленчук е супер храна која е богата со многу витамини како А, Ц, Д, Е и К. Најдобро се конзумира сурова или зготвена на пареа.
Црвени пиперки – Црвениот зеленчук, особено пиперките, се богати со витамини Е и Ц, како и други моќни антиоксиданси.
Чили – Овој зачин содржи неверојатна количина на витамин Е.
А.Н.