домаЕУ ја одобри употребата на вакцината „Џонсон и Џонсон“

ЕУ ја одобри употребата на вакцината „Џонсон и Џонсон“

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека ја одобрила вакцината „Џонсон и Џонсон“ во рамките на Европската унија, пренесува Дојче веле.

Ова е четврта вакцина одобрена за употреба во блокот на ЕУ. Ги следи стапките на германско-американската вакцина „Фајзер/Бионтек“, британско-шведската „АстраЗенека“ и американската „Модерна“.

Вакцината е изработена од фармацевтската компанија Јансен, која е во сопственост на компанијата „Џонсон и Џонсон“, со седиште во Белгија.

Од останатите одобрени вакцини се разликува по тоа што е потребна само една доза. ЕУ веќе обезбеди околу 400 милиони дози на вакцина.

Вакцината е под постојан преглед на регулаторот со седиште во Амстердам од декември 2020 година, пренесува „Дојче веле“. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ