четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаЕУ привремено забрани влез во Шенген зоната поради корона вирусот

ЕУ привремено забрани влез во Шенген зоната поради корона вирусот

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави денеска дека на лидерите на Европската унија им предложила во борбата за созбивање на коронавирусот да воведат 30-дневна забрана за влез во Шенген зоната.

Во видео пораката на својот Твитер профил, таа прецизираала дека од предлогот се изземени сите они кои имаат постојан престој во ЕУ, членови на семејствата на државјани на земјите членки, дипломати и персонал како лекари, медицински сестри и експерти кои помагаат да се запре коронавирусот, како и луѓето кои вршат транспорт на стоки.

Таа најави дека ограничувањето на влез во Шенген зоната би траело 30 дена, а дека би можело да се продолжи по потреба. Претседателката на ЕК оценува дека со намалување на сцојалната интеракција ќе се намали брзината на ширење на вирусот.

-За да биде поефикасна, оваа рестрикција мора да се примени и од страна на четирите држави кои не се членки на ЕУ, но се дел од Шенген“, заклјучи Урсула фон дер Лајен. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ