четврток, април 25, 2024
домаНасловнаЕвропската комисија во вторник го усвојува пакетот за проширување

Европската комисија во вторник го усвојува пакетот за проширување

Европската комисија во вторник на состанокот во Стразбур ќе го усвои пакетот за проширување. Европската комисија секогаш досега пакетот за проширување, кој ја вклучува стратегијата за проширување и извештаите за напредокот на земјите кандидати и потенцијални кандидати, го објавуваше во ноември. Сега тоа е префрлено за пролет, а последниот пакет е усвоен пред година и пол, во ноември 2016 година. Овој пат стратегијата за проширување е објавена два месеци пред извештајот за напредокот, во февруари оваа година, но само за Западен Балкан, а не и за Турција, со која ЕУ има отворени преговори, иако тие се во целосен застој.

Во извештајот за напредокот Комисијата ги оценува аспирантите за членство во поглед на почитувањето на основните европски вредности, како што се владеењето на правото, добрососедските односи, реформите во областа на владеењето на правото, јавната администрација, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и економските реформи.

Пакетот за проширување опфаќа седум земји – Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Косово, Албанија и Турција.

Најдалеку во процесот се напреднати Црна Гора и Србија, Македонија и Албанија имаат кандидатски статус, но се чека датум за почеток на преговорите, БиХ чека мислење на Комисијата за својата апликација за членство, додека Косово е во најтешка ситуација, бидејќи пет членки на ЕУ не ја признаваат неговата независност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ