домаЕвропскиот проект „The Chorus Project“ се префрла во дигиталниот простор

Европскиот проект „The Chorus Project“ се префрла во дигиталниот простор

Во среда започнува дигиталниот фестивал „Democracy 2.0“, каде што за прв пат на исто место ќе може да се погледнат сите четири делови на преставата „Орестија“, придружени со разговори и презентации на членови од креативните тимови од Скопје, Минхен, Лондон и Грац.
Претставата „Орестија 1/4“ чија премиера се случи на 28 октомври 2020 е дел од „The Chorus Project“ – проект поддржан од Креативна Европа (Creative Europe), во копродукција на МКЦ Скопје, Апстарт театар (Upstart Theater) од Лондон, Патос (Pathos) од Минхен и Театар Ам Ленд (Theater am Land) од Грац.
Тоа што требаше да значи конечно спојување на сите делови на претставата во едно големо патувачко друштво, ќе го гледаме адаптирано и сместено во виртуелниот простор на дигиталниот фестивал „Democracy 2.0“, организиран од партнерите „Pathos“ од Минхен.
Новата македонска дигитална верзија на „Орестија 1/4“ може да се погледне на програмата на овој фестивал на 18 февруари (четврток) во 20 часот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ