среда, декември 18, 2024
домаСпортОстанати спортовиФедерер се откажува од Олимписките игри поради семејството?

Федерер се откажува од Олимписките игри поради семејството?

Роџер Федерер би можел да ги пропушти Олимписките игри, пренесува швајцарски „Блик“. Меѓународниот олимписки комитет објави дека нема да има странска публика во Токио, и тоа е официјална одлука и поради тоа Федерер би можел да ги пропушти Олимписките игри.

Федерер не сака да се раздели од сопругата Мирка и четирите деца, кои не можат да бидат со него во Јапонија, па швајцарски „Блик“ е убеден дека Роџер нема да игра на Олимписките игри. Семејството е секогаш со Швајцарецот на секој турнир и тој едноставно не може без нив, пишува „Блик“.

Роџер не можеше да ги земе сопругата и децата со себе во Мелбурн, па го пропушти Австралија опен и тоа доволно зборува за тоа колку е блиско семејството Федерер. Доколку не можат да бидат во Мелбурн една недела или две, тешко дека ќе можат да бидат разделени пет недели колку што Федерер ќе треба да помине во Токио.

Невозможно е Федерер да го однесе семејството со себе во Јапонија, бидејќи официјалната одлука е веќе донесена и нема да има исклучоци. Тој наскоро ќе донесе конечна одлука.

Олимписките игри започнуваат на 23 јули и траат до 8 август. Спортистите ќе дојдат во Токио две недели пред почетокот на Олимписките игри. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ